ДЕЛ I
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Со овој закон се уредува заштитата на правата на потрошувачите, условите
и начинот на заштитата на потрошувачите, условите за трговско работење што се од значење за заштита на правата на потрошувачите, правата и обврските на здруженијата на потрошувачите, како и надлежностите на органите на државната управа во однос на заштитата на потрошувачите.
Примена на овој закон и однос спрема другите закони
Примената на одредбите од овој закон не влијае на правата кои потрошувачите
ги имаат врз основа на другите закони.
Ако со овој закон поинаку не е определено на договорните и други облигациони односи на прометот на стоки и услуги ќе се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи.
Во постапката за инспекциски надзор ќе се применуваат одредбите на Законот за инспекциски надзор, доколку со овој закон поинаку не е уредено.
Одредбите на меѓународните спогодби и договори за заштита на потрошувачите
кои ги ратификувала Република Македонија непосредно ќе се применуваат во случаи кога даваат поголема заштита на потрошувачите.
Дефиниции
Одделни поими употребени во овој закон го имаат следново значење:
-„потрошувач” е секое физичко лице кое купува производи или користи услуги за непосредна сопствена потрошувачка во деловни простории на трговецот, надвор од деловните простории како и со договори на далечина за цели кои не спаѓаат во рамките на неговата трговска, стопанска, занаетчиска или професионална дејност;
-„трговец“ е секое физичко или правно лице кое, независно од тоа дали е во приватна или јавна сопственост, дејствува во рамките на својата трговска, стопанска, занаетчиска или професионална дејност, вклучувајќи и секое друго лице кое дејствува во негово име или за негова сметка;
"дистрибутер" е физичко или правно лице што непосредно или посредно преку други дистрибутери испорачува производи;
"производител" е лице кое изготвува готови производи или составни делови за добивање на основни производи или лице кое преку фирмата и својата ознака на производот се претставува како производител. За производител се смета и увозникот на производот;
"производ" е која било стока или предмет без оглед на степенот на нивната обработка, наменети за понуда на потрошувачите;
"услуга" е која било дејност која е наменета за понуда на потрошувачите;
"продажни услови" се условите кои се однесуваат на начинот на плаќање на цената за продажба на производот или давањето на услугата во готово, на рати, со картичка, со попусти за одредени картички, одложно или на друг начин;
„пазарно однесување кон потрошувачите од страна на деловните субјекти“ (во натамошниот текст: пазарно однесување) е секое дејство, пропуст, начин на однесување или застапување, пазарна комуникација, вклучувајќи рекламирање и маркетинг, од страна на трговец, директно поврзани со промоција, продажба или снабдување на производи и услуги за потрошувачите;
„значително нарушување на пазарното однесување на потрошувачите“ е користење на пазарно однесување со цел значително да се оневозможи способноста на потрошувачот да донесе одлука така што претходно бил информиран, предизвикувајќи на тој начин потрошувачот да донесе одлука за правење промет којашто не би ја донел во друг случај;
„кодекс на однесување“ e договор или збир на прописи кои не се наложени со закон, регулатива или административна одредба, а го дефинираат однесувањето на трговците кои прифаќаат да го почитуваат кодексот во врска со еден или повеќе конкретни пазарни однесувања или деловни сектори;
„имател на кодексот на однесување“ е секој субјект, вклучувајќи трговци или група на трговци, надлежни за формулирање и ревидирање на кодексот на однесување и/или следење на почитувањето на кодексот од страна на оние кои прифатиле да го почитуваат;
„професионално однесување“ e стандард за специјална вештина и грижа за коишто е разумно да се очекуваат од трговецот во однесувањето со потрошувачите, сразмерни со чесното пазарно однесување и/или општото начело за добра волја во дејноста на трговецот;
„покана за купување“ e пазарна комуникација која ги наведува карактеристиките на производот и услугата и цената на начин соодветен на употребеното средство за пазарна комуникација и на тој начин му овозможува на потрошувачот да го направи купувањето;
„прекумерно влијание“ e искористување на позиција на надмоќ во поглед на потрошувачот, така што, се применува притисок, дури и без употреба на или закана за физичка присила, на начин што значително ја ограничува способноста на потрошувачот да донесе одлука, бидејќи претходно бил информиран;
„одлука за правење промет“ e секоја одлука донесена од страна на потрошувачот дали, како и под какви услови да го купи производот и услугата, да ги плати целосно или делумно, да ги задржи или се ослободи од производот и
услугата или да реализира договорна обврска во врска со производот и услугата, без разлика дали потрошувачот ќе одлучи да дејствува или ќе се воздржи од дејствување;
„законски уредена професија“ e професионална активност или група на професионални активности, при што пристапот или спроведувањето на истите или еден од начините на нивно спроведување е условено, директно или индиректно, од поседување на конкретни професионални квалификации, согласно со закони, регулативи или административни одредби;
„надлежен инспекторат“ се Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за земјоделство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина и Агенцијата за храна и ветеринарство;
„тела овластени за покренување на постапки” се тела и организации кои се основани со прописите со кои се уредува основањето на дејноста на тие тела, а кои имаат заеднички интерес за заштита на потрошувачите, како што се здруженија за заштита на потрошувачите, коморските здруженија и други специфични тела кои имаат заеднички интерес за заштита на потрошувачите;
„стока“ е секое стварно материјално добро со исклучок на стоките кои се предмет на присилна продажба или поинаку продавани според други начини од страна на судските органи, a во која се вклучени вода, гас и електрична енергија, кога се нудат за продажба во ограничен обем или количина;
-„стоки произведени според спецификациите на потрошувачот“ се сите стоки кои не се готови стоки врз основа на индивидуален избор или одлука на потрошувачот;
„договор за продажба“ е секој договор врз основа на кој трговецот пренесува или се обврзува да пренесе сопственост на стоки на потрошувачот или потрошувачот плаќа или се обврзува да ја плати цената, вклучувајќи ги договорите чиј предмет се и стоки и услуги;
-„договор за услуги“ е секој договор освен договор за продажба врз основа на кој трговецот обезбедува или се обврзува да обезбеди услуга на потрошувачот и потрошувачот плаќа или се обврзува да ја плати цената;
„договор на далечина“ е секој договор склучен меѓу трговецот и потрошувачот во рамките на организирана шема за продажба или давање услуги на далечина без физичко и истовремено присуство на трговецот и потрошувачот, преку исклучителна употреба на еден или повеќе средства за комуникација на далечина до склучувањето на договорот, вклучувајќи го и моментот на склучување на договорот;
-„договор склучен надвор од деловните простории“ е секој договор меѓу трговецот и потрошувачот:
а) склучен во истовремено физичко присуство на трговецот и потрошувачот, на место кое не е деловна просторија на трговецот;
б) за кој е дадена понуда од страна на потрошувачот, под истите услови наведени во точка а) од оваа алинеја;
в) склучен во деловните простории на трговецот или преку кое било средство за комуникација на далечина веднаш штом потрошувачот лично и индивидуално ќе стапи на местото кое не е едно од деловните простории на трговецот, во физичко и истовремено присуство на трговецот и потрошувачот или
г) склучен во текот на екскурзија организирана од страна на трговецот и со цел или ефект на промоција и продажба на стоки или услуги на потрошувачот;
„деловни простории се“:
а) кои било недвижни простории кои се користат за продажба на мало, каде што трговецот врши своја дејност на континуирана основа или
б) кои било подвижни простории кои се користат за продажба на мало каде што трговецот врши своја дејност на вообичаена основа;
„траен носач“ е секој инструмент кој му овозможува на потрошувачот или на трговецот да ги зачува информациите кои што му се лично упатени на начин да му бидат достапни во иднина за соодветен временски период за целите за кои тие се наменети и што овозможува непроменета репродукција на зачуваните информации;
„дигитална содржина“ се податоци произведени и испорачани во дигитален формат;
„финансиска услуга“ е секоја услуга од банкарска, кредитна, осигурителна, лична пензиска, инвестициска или платежна природа;
„јавна аукција“ е метод за продажба кога стоки или услуги се нудат од страна на трговецот на потрошувачите кои учествуваат или им е дадена можноста лично да учествуваат на аукцијата, преку постапка на транспарентно, конкурентно наддавање водена од страна на аукциска куќа и каде успешниот понудувач е должен да ги купи стоките или услугите;
„гаранција“ е секоја обврска на трговецот или производителот („гарантот“), преземена во однос на потрошувачот, во прилог на законските обврски кои се однесуваат на гаранцијата за сообразност, да ја надомести платената цена, замени, поправи, или сервисира на кој било начин стоката, кога таа не одговара на спецификациите, или на кое било друго барање кое не се однесува на сообразноста, наведени во декларацијата за гаранција или во соодветната реклама достапна во моментот или пред склучувањето на договорот и
„дополнителен договор“ е договор преку кој потрошувачот стекнува стоки или услуги поврзани со договор на далечина или договор склучен надвор од деловните простории и во кој тие стоки или услуги се обезбедени од страна на трговецот или од трето лице врз основа на договор меѓу третото лице и трговецот.
ДЕЛ II
ПРАВО НА ПОТРОШУВАЧОТ ДА БИДЕ ИНФОРМИРАН ЗА УСЛОВИТЕ НА ПРОДАЖБА НА ПРОИЗВОДИТЕ И ДАВАЊЕ НА УСЛУГИ
ГЛАВА 1
ДОЛЖНОСТИ НА ТРГОВЕЦОТ ПРИ ПРОДАЖБА НА МАЛО
Обврска за информирање на потрошувачите
Трговецот е должен:
пред склучувањето на договорот за продажба совесно и чесно на потрошувачот да му даде точни и корисни информации во врска со квалитетот, карактеристиките на производот или услугата и во врска со условите за продажба, како и сите други информации побарани од потрошувачот содржани во декларацијата на производот и
да го извести потрошувачот за влијанието на одредени производи врз животната средина и здравјето на луѓето, согласно со прописите и стандардите, како и за мерките за заштита, преку упатство дадено со производот, истакнато на амбалажата на производот или на друг соодветен начин.
Во случај на сомневање дека трговецот не постапил според одредбите од ставот 1 на овој член, наводите на потрошувачот ќе се сметаат за вистинити.
Трговецот кој не постапил според одредбите од ставот 1 на овој член на барање на потрошувачот е должен да му го врати уплатениот износ за купениот производ и да му ја надомести евентуално сторената штета. Во тој случај потрошувачот е должен да го врати купениот производ, а трговецот да го прими вратениот производ од потрошувачот.
Услови за продажба на производите и давање услуги
Трговецот мора продажните услови јасно и на видно место да ги истакне во
продажниот простор.
Трговецот мора посебните продажни услови за одделни производи и услуги, јасно и на видно место да ги истакне на продажните места на тие производи и услуги.
Ако изложувањето на производите на продажните места, според општите прописи на облигационото право не се смета за понуда, трговецот може да одбие со потрошувачот да склучи договор за продажба на производи кои се изложени на продажните места само ако ги означи со називот "експонати".
Ако трговецот на одделни групи на потрошувачи им нуди производи под посебни продажни услови (младенци, инвалиди, пензионери, студенти и слично), тие услови треба да бидат јасно и на видно место истакнати во продажниот простор.
Се забранува трговецот да дава лични податоци за потрошувачот на трети лица, како и на правни или физички лица кои дејствуваат внатре во иста група на трговци без претходно писмено одобрение од потрошувачот.
Се забранува условување на купување на едни производи со купување на други производи или друг начин на условување на купување и продажба на производи.
За извршените услуги за поправка и одржување на производите, чија вредност
е поголема од 5.000 денари, трговецот мора да му достави на потрошувачот пресметка и работен налог со опис на работите, употребениот материјал или делови за поправка и одржување. Работниот налог го потпишува трговецот и потрошувачот, од кое еден примерок од работниот налог мора да му се даде на потрошувачот.
Ако во случаите од ставот 7 на овој член во текот на поправката и одржувањето се наметне потребата за дополнителни работи и вградување на дополнителни делови за што треба да се прошири работниот налог, трговецот мора за тоа да добие претходно писмена согласност од потрошувачот, ако со проширувањето на работниот налог цената се зголемува за повеќе од 5%.
Ветување на награда
Трговецот кој при понудата на производот или услугата на потрошувачот му
ветува награда, дека со купување на производот или давањето на услугата ќе добие награда, должен е таа награда да му ја даде на потрошувачот најдоцна во рок од осум дена од денот на купувавањето на производот или давањето на услугата.
Доколку трговецот од ставот 1 на овој член организира наградна игра е должен ветената награда да му ја даде на потрошувачот во рок од осум дена од завршувањето на наградната игра.
Истакнување на цената на производите и давање на услуги
Трговецот мора на јасен, видлив, читлив и недвосмислен начин да ја истакне
продажната цена на производите и услугите, односно на продажното место на кое се изложени производите, на производите во рефусна состојба, на услугите кои ги дава и на резервните делови кои ги продава.
Продажна цена е крајната цена на единица на некој производ или услуга или пак на дадената количина на производот, вклучувајќи го тука и данокот на додадена вредност и сите други јавни давачки.
Цената на производот, односно услугата, мора да биде означена во денари, освен ако со друг закон поинаку не е уредена.
Цена за единица мерка е цена за еден килограм, еден литар, еден метар, еден квадратен метар или еден кубен метар производ, или за некоја друга единица за количина која општо или вообичаено се користи при продажбата на производите.
Кај производите во рефусна состојба се истакнува само цената за единица мерка на продажното место на производот.
Цената за единица мерка не е потребно да се истакне кај претходно спакуваниот производ ако е еднаква со продажната цена на производот, како и за производите кај кои такви податоци со оглед на својствата на производите можат или би можеле да предизвикаат забуна.
Ако со друг пропис е определено истакнување на податоци за нето тежина за претходно спакувани производи, ќе се истакне цената за нето единица мерка.
Продажната цена мора да биде напишана на производот, односно амбалажата, на продажното место на производите, како и на производот во излогот. На производот, освен цената од ставот 4 на овој член, не смее да се истакнува друга цена. Цената за единица мерка за претходно спакуваниот производ се истакнува на продажното место на производот.
Трговецот мора да се придржува на истакнатите продажни цени и условите за продажба.
Одредбите од ставот 9 на овој член не се применуваат за јавна и аукциска продажба, продажба на уметнички дела и антиквитети, како и на производите кои се набавени при нудење на некоја услуга.
Производ со недостаток или грешка
Ако трговецот ги продава производите кои имаат недостаток или грешка, мора
таквите производи физички да ги одвои од останатите производи и јасно видливо
и читливо да ги обележи на производот и на продажното место да истакне натпис дека се работи за продажба на производи со недостаток или грешка.
Амбалажа
Трговецот е должен производот да го продава во соодветна амбалажа.
Амбалажата не смее да биде штетна за здравјето на луѓето, мора да биде приспособена на формата и количината на производот и не смее да го доведе во заблуда потрошувачот по однос на количината и големината на производот.
Во случај кога се завиткува производот со посебна хартија и дополнителни украси, цената на тие производи и услугата за завиткување, мора да биде истакната јасно и на видно место.
Производи во рефусна состојба и претходно спакувани производи
Во рефусна состојба се оние производи понудени за продажба, кои не се
претходно спакувани и кои при купувањето се мерат во присуство на потрошувачот.
При продажбата на производите од ставот 1 на овој член тие треба да бидат спакувани во соодветна амбалажа.
За производите во рефусна состојба декларацијата мора да се истакне јасно, видливо и читливо на амбалажата во која производот се става за продажба, или на продажното место.
ГЛАВА 2
ОДРЕДБИ ЗА РАСПРОДАЖБА НА ПРОИЗВОДИ
Означување на распродажба
Означувањата што упатуваат на распродажба, односно на намалување на
цените, независно од тоа дали намалувањето е изразено во износ или процент, треба да бидат реални и вистинити и мора да бидат изразени на еден од следниве начини:
со наведување на новата цена покрај видливо прецртаната претходна цена,
или
со наведување на зборовите "нова цена" и "стара цена", или
со наведување на процентот на намалување на цената и наведување на новата цена покрај видливо прецртаната претходна цена, или
со наведување на процентот на одобреното намалување за секој одделен производ или услуга или за секоја наведена категорија производи или услуги.
Како претходна цена од ставот 1 на овој член се смета цената која трговецот ја применувал 30 дена пред отпочнувањето на распродажбата на производите.
Физичко одвојување на производите на распродажба
Трговецот мора физички да ги одвои производите кои се ставени на
распродажба од оние производи кои не се на распродажба и јасно и на видно место да истакне натпис дека се работи за распродажба.
Доколку трговецот стави на распродажба производи со грешка мора да истакне натпис со кој ќе се запознае потрошувачот во што се состои грешката на производот.
Физичко одвојување на производи поради изминување на рокот
на употреба
Трговецот мора физички да ги одвои производите кои се на распродажба
поради изминување на рокот на употреба на посебен простор со јасно и на видно место истакнато известување за причината за намалување на цените и крајниот рок на употреба на производот.
ГЛАВА 3
ЗАЕДНИЧКИ ПОНУДИ НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ
Поим на заедничка понуда
Заедничка понуда на производи и услуги постои кога стекнувањето на производите и услугите е зависно или е во врска со стекнувањето на некој друг производ или услуга.
Општи услови за заедничка понуда
Се дозволува заедничка понуда за една вкупна цена на:
1) производи или услуги што претставуваат една целина и
2) производи или услуги, под услов:
а) секој од производите или секоја од услугите да можат одделно да се купат по нивната вообичаена цена во истите деловни простории на трговецот;
б) потрошувачот јасно да биде информиран за таа можност и за посебните продажни цени на секој од производите или услугите и
в) намалувањето на цената што му е понудена на потрошувачот на сите производи или услуги да не надминува една петтина од вкупните цени на производите или услугите.
Други заеднички понуди
Се дозволува бесплатно, заедно со некој друг производ или услуга, да се нудат:
помошни или придружни производи на основниот производ, што се посебно адаптирани за тој производ од страна на неговиот произведувач и што се испорачуваат истовремено и заедно со основниот производ за да се прошири или да се подобри начинот на искористувањето на основниот производ;
пакување или контејнери што се користат за заштита и пакување на производот, имајќи ја предвид природата и вредноста на тие производи;
ситни подароци и мали услуги што се сметаат за вообичаени во трговската пракса, како и испорака, поставување, контрола и одржување на производите што се продаваат;
мостри произведени од страна на производителот или дистрибутерот на основниот производ, до мерката до која тие се нудат во количини или мерки што исклучително се суштествени за процена на квалитетот на производот;
часовници од безначајна комерцијална вредност и
разни видови на лозови или картички од овластени приредувачи на игри на среќа.
Се забранува бесплатно или заедно со некој друг производ да се нудат вештачки млека и друга храна наменета за доенчиња до шест месечна возраст, шишиња и цуцли и цуцли лажалки.
ГЛАВА 4
ПЛАЌАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ
Камата на аванс
Ако трговецот бара или изрично го условува купувањето на производот или давањето на услугата со делумен или вкупен еднократен или пресметковен аванс, тој е должен да го испорача производот или да ја изврши услугата по приемот на авансот.
Трговецот е должен доколку рокот на испораката на производот или на дадената услуга е подолг од еден месец или не може да го испорача производот или изврши услугата во договорениот рок на потрошувачот да му пресмета и исплати просечна каматна стапка по видување, која се пресметува како просек од последниот интервал на просечните банкарски стапки по видување објавен од Народната банка на Македонија сметано од денот на приемот на авансот до денот на испораката на производот или извршената услуга.
Извршеност на плаќање
Паричната обврска која потрошувачите ја извршуваат со плаќање по пошта, банка или друга институција за плаќање, ќе се смета дека е извршена со денот кога поштата, банката или другата институција за плаќање ќе го прими налогот од потрошувачот.
Сметка
Трговецот мора за продадениот производ, односно извршената услуга на потрошувачот да му издаде фискална сметка, односно јасно видлива и читливо напишана сметкопотврда или фактура, доколку со друг пропис поинаку не е определено.
Трговецот мора на потрошувачот да му овозможи проверка на точноста на пресметаниот износ по однос на квалитетот и количината на купениот производ, односно извршената услуга.
За издавање на сметката од ставот 1 на овој член не е дозволено дополнително да се наплатува.
ГЛАВА 5
ДОКУМЕНТИ КОИ ГО СЛЕДАТ ПРОИЗВОДОТ
Трговецот мора при продажбата на производите на потрошувачот да му ги предаде и да му ги предочи пропишаните документи и документите кои ги изготвил производителот заради полесна и сигурна употреба на производот (декларација, гаранција, технички упатства, упатства за склопување, упатства за користење, попис на овластените сервиси и слично).
Гаранција и сервисирање
Трговецот е должен, согласно со техничките прописи со кои се определуваат производите за кои производителот, увозникот, односно застапникот на странска фирма мора да издаде гаранција за квалитетот, односно за исправното функционирање на производот, документ за начинот на употреба на производот, да обезбеди сервис за одржување и поправка и снабдување со резервни делови во гарантниот рок. Трговецот е должен најмалку за пет години од денот на производството на производот, но не помалку од две години од денот на истекот на гаранцијата на производот, да обезбеди резервни делови.Во согласност со потрошувачот производот може да се сервисира најмногу три пати во рамките на гарантниот рок и доколку не се поправи производот потрошувачот има право да бара од трговецот да го замени со ист таков нов и исправен производ или да му го врати платениот износ на потрошувачот за купениот производ.
Потрошувачот нема право да бара замена на производот или враќање на платениот износ согласно со ставот 1 на овој член доколку недостатокот што се сервисира е минимален, односно не влијае врз квалитетот и перформансите на основната функција на производот.
Производителот е должен да се придржува на обврските од гарантниот лист. Гаранцијата содржи:
фирма, односно назив и седиште на давателот на гаранцијата;
податоци за производот со кој се идентификува производот;
изјава за гаранцијата и за условите на гаранцијата;
траење на гарантниот рок;
рок во кој трговецот е должен да постапи по барањето на корисникот на гаранцијата и да ги отстрани дефектите и недостатоците на производот;
фирма, односно назив и седиште на трговското друштво или друго правно или физичко лице што производот го продал на мало, датум на продажбата, печат и потпис на овластениот работник.
изјава дека потрошувачот ги има законските права кои произлегуваат од националното законодавство кое ја регулира продажбата на производите и дека овие права не се загрозени со гаранцијата.
Трошоците за материјалот, резервните делови, работата, преносот и превозот на производот што настануваат при отстранување на дефектите, односно замената на производот со нов производ врз основа на гаранцијата, паѓаат на товар на давателот на гаранцијата.
Документите од ставот 1 на овој член мора да бидат напишани јасно и читливо на македонски јазик и кирилско писмо, што не ја исклучува можноста истовремено употреба и на другите јазици и знаци лесно разбирливи за потрошувачот.
Декларација
Декларација е задолжителна за секој производ и мора да ги содржи најмалку
следниве податоци:
назив на производот, односно име под кое производот се продава;
состав на производот;
начин на одржување на производот;
начин на употреба на производот;
индустриски дизајн, трговска марка или ознака на производот, ако се смета како битен елемент на производот;
дата на производството и рок на употреба, доколку е истото пропишано;
фирма и седиште на производителот, односно на трговецот, доколку има своја трговска марка за производот и се претставува како производител, а за увозните производи и фирма и седиште (полна адреса) на увозникот, како и земјата на потекло;
предупредување за можна опасност при употреба, доколку таква опасност постои;
изјава на производителот за постоење на изменети својства на производите, состојци на деловите и додатоците, односно за какви измени се работи и
изјава на производителот за усогласеност на производите со пропишаните услови.
Покрај податоците од ставот 1 на овој член декларацијата мора да содржи и податоци утврдени со посебни прописи.
Сите податоци од декларацијата мора да бидат вистинити, јасно видливи и читливи, напишани на македонски јазик и кирилско писмо, што не ја исклучува можноста истовремено употреба и на другите јазици и знаци лесно разбирливи за потрошувачот.
За податоците од декларацијата за увозните производи одговорен е увозникот. Назив на производот, односно име под кое производот се продава е ознака или опис на производот и, ако е потребно, неговото користење и одржување, кој е доволно прецизен да му овозможи на потрошувачот да го препознае бараниот производ и да го разликува од другите слични производи со кои би можел да се
замени.
Содржината на декларацијата за одделни производи или група производи ја пропишува министерот надлежен за соодветна област.
ДЕЛ III
РЕКЛАМИРАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ
Рекламирање
Рекламирање на производи и услуги е секоја форма на правење презентација поврзана со трговска или деловна дејност, занаетчиство или професија за да се промовира снабдувањето на производите или услугите, вклучувајќи ги и недвижен имот, права и обврски.
Заведувачко рекламирање е секое рекламирање кое на било каков начин, вклучувајќи ја и неговата презентација, ги доведува во заблуда или е веројатно дека ќе ги доведе во заблуда лицата на кои им е наменето и кое заради својата
измамничка природа најверојатно ќе влијае врз нивното економско однесување или кое од овие причини го повредува или најверојатно ќе го повреди конкурентот.
Споредбено рекламирање е секое рекламирање кое, заради продажба на некој производ или услуга, директно или индиректно влијае на конкурентноста на пазарот, односно кое директно или индиректно влијае на конкурентскиот производ или услуга.
Огласувач
Огласувач е лице кое преку средствата за информирање ги нуди за продажба своите производи и услуги.
Ако огласувачот се наоѓа во странство и нема назначено застапник во Република Македонија, прекршочната постапка во случај на заведувачко рекламирање се покренува против уредникот или издавачот или изведувачот на огласот.
Истакнување на цената при рекламирање
Секое рекламирање во кое се спомнува продажната цена на производите и услугите мора да биде искажано согласно со членот 8 на овој закон.
Забрана за заведувачко рекламирање
Заведувачко рекламирање на производи или услуги е недозволено. Споредбено рекламирање е дозволено ако се исполнети условите предвидени
со овој или друг закон.
Забрането е рекламирање коешто го навредува човечкото достоинство, коешто предизвикува или може да предизвика телесна, душевна или друга штета кај децата, кое на децата им шири пораки и делови од пораки со кои се искористува или злоупотребува или би можела да се злоупотреби, нивната лесномисленост и недостаток на искуство.
Оцена за заведувачко рекламирање
При одлучувањето дали рекламирањето е заведувачко, се земаат предвид сите негови карактеристики, а особено сите информации содржани во рекламата во врска со:
својствата на производите или услугите, составот на производот, начинот и датата на производството, начинот и времето на вршење на услугите, достапност на производите или услугите, количината на производите, спецификацијата, прилагоденост на производите и услугите за користење за одредени цели, географското или комерцијалното потекло на производите или услугите, резултатите коишто можат да се очекуваат од користењето на производите или услугите, резултатите или другите наоди од тестовите или проверките извршени врз производите или услугите;
цената, начинот на пресметување на цената, односно условите за продажба на производите или вршење на услугите и
правата на огласувачот, неговиот идентитет и имотот со кој располага, неговите квалификации, сопственост врз индустриски, комерцијални права или правата од интелектуална сопственост, или награди и признанија кои ги добил.
Претпоставки на дозволено споредбено рекламирање
Споредбено рекламирање е дозволено ако:
не е заведувачко во смисла на членовите 27 и 28 од овој закон;
се споредуваат производите и услугите кои ги задоволуваат истите потреби или се со иста намена;
објективно се споредува еден или повеќе материјални, релевантни, верифицирани и репрезентативни карактеристики на тие производи и услуги каде што може да се вклучи и цената;
не создава забуна на пазарот меѓу огласувачот на рекламата и неговите конкуренти, или забуна меѓу заштитниот знак, заштитното име и другите карактеристични знаци, производи или услуги на објавувачот на рекламата во однос на истите на конкурентот;
не ги обезвреднува конкурентите на пазарот, нивните активности, по однос на заштитниот знак, заштитното име, другите карактеристични знаци, производи или услуги или условите на конкурентот;
производите со ознаки за потекло се споредуваат со производите кои имаат иста ознака;
не се одразува негативно на угледот на заштитниот знак, заштитното име или другите карактеристични знаци на конкурентот или на ознаките за потеклото на конкурентските производи и
не се однесува на производи или услуги кои се рекламираат како имитација или дупликат на производот или услугата со заштитен знак или заштитно име.
Ако споредбеното рекламирање се однесува на посебна специјална понуда, во рекламата мора, на јасен и недвосмислен начин, да биде истакнат временскиот период во кој важи посебната понуда, достапноста на производите и услугите од специјалната понуда, времетраењето на специјалната цена и другите специфични услови што ќе се применуваат.
Барање за прекин или забрана на недозволено рекламирање
Трговците, нивните асоцијации и здруженијата на потрошувачите кои имаат интерес, имаат право да бараат од надлежниот инспекциски орган да наложи да се прекине заведувачкото, односно недозволеното споредбено рекламирање доколку поседуваат докази за точноста на фактичките тврдења во рекламата.
Ако рекламата сé уште не е објавена, а е извесно нејзиното објавување, трговците и здруженијата на потрошувачите кои имаат интерес, имаат право од надлежниот инспекциски орган да бараат да го забрани објавувањето на заведувачкото, односно недозволеното споредбено рекламирање.
На барање на потрошувачот, надлежниот инспекциски орган може со решение да го прекине заведувачкото, односно недозволеното споредбено рекламирање, да му наложи на трговецот да го објави решението за прекинување, односно
забрана на заведувачкото, односно споредбено рекламирање или да се изврши
исправка на рекламата на сметка на огласувачот, доколку во определен рок огласувачот не достави доказ за точноста на фактичките тврдења наведени во рекламата.
Оценување на заведувачкото рекламирање
Трговците и здруженијата на потрошувачите имаат право да бараат стручно мислење од Стопанската комора на Македонија дали рекламата е заведувачка и недозволена, односно дали е во согласност со Меѓународниот кодекс на применетата пракса на Меѓународната трговска комора.
Мислењето од ставот 1 на овој член не е обврзувачко.
ДEЛ III-a
Глава I
НЕЧЕСНО ПАЗАРНО ОДНЕСУВАЊЕ
Забрана за нечесно пазарно однесување
Се забранува нечесно пазарно однесување. Пазарно однесување се смета за нечесно доколку:
а) е спротивно на барањата за професионално однесување и
б) значително го нарушува или постои веројатност дека значително ќе го наруши економското однесување на просечниот потрошувач во поглед на производот и услугата до кого стигнува или е наменет производот и услугата, или пак до просечниот потрошувач од групата кога пазарното однесување е насочено кон конкретна група на потрошувачи.
Пазарното однесување за коешто е веројатно дека значително ќе го наруши економското однесување само на јасно дефинирана група на потрошувачи,, кои се особено ранливи на однесувањето или на засегнатиот производ и услуга поради нивната ментална или физичка несигурност, возраст или лековерност на начин предвидлив од трговецот се проценува од перспектива на просечниот потрошувач на таа група, кое не е во спротивност со вообичаеното и законско рекламирање при што се даваат претерани изјави или изјави што не треба буквално да се толкуваат.
Пазарното однесување се смета за особено нечесно, доколку:
а) е лажно согласно утврденото во членовите 31-б и 31в од овој закон или б) е агресивно согласно утврденото во членовите 31-г и 31-д од овој закон.
Глава II
ИЗМАMНИЧКО ПАЗАРНО ОДНЕСУВАЊЕ
Измамнички активности
Пазарно однесување се смета за измамничко доколку содржи лажни информации и поради тоа е невистинито или на каков било начин, вклучувајќи го општиот впечаток кој го остава, го измамува или пак е веројатно дека ќе го
измами потрошувачот, дури и кога информацијата фактички е точна, во врска со еден или повеќе од случаите наведени во точките а), б), в), г), д) и ѓ) од овој став, а во секој случај предизвикува или е веројатно дека ќе предизвика просечниот потрошувачот да донесе одлука за правење промет што не би ја донел во друг случај.
а) постоењето или природата на производот и услугата;
б) главните карактеристики на производот и услугата, како што се достапноста, корисноста, ризиците, извршувањето, составот, дополнителната опрема, услуга по продажбата и постапување по жалбите, методот и датумот на производство или обезбедување, испорачување, соодветност на намената, користење, количина, спецификација, географско или стопанско потекло или очекуваните резултати од неговата употреба, или пак резултатите од спроведените тестови или проверки;
в) обемот на обврските на трговецот, мотивите за пазарното однесување и природата на продажниот процес, сите изјави или симболи во врска со директното или индиректното спонзорство или одобрување на трговецот или на производот и услугата;
г) цената или начинот на кој се пресметува цената или постоење на одредени погодности во поглед на цената;
д) потребата за сервис, делови, замена или поправка;
ѓ) положбата, особините или правата на трговецот или неговиот застапник, како што се нивниот идентитет или имот, квалификации, статусот, одобрувањата кои им се дадени, сопственоста на права за индустриска, стопанска или интелектуална сопственост, награди или пофалници кои им се доделени и
е) правата на потрошувачите, вклучувајќи го правото за замена или враќање на парите и за одредени аспекти на продажбата на потрошувачки стоки и гаранции, или ризиците е уредено со овој закон.
Пазарно однесување се смета дека е измамничко и доколку, во својата фактичка состојба, имајќи ги предвид сите околности и специфичност на случајот, го наведува или веројатно може да го наведе просечниот потрошувач да донесе одлука за правење промет што не би ја донел во друг случај, а се однесува на:
а) каков било маркетинг на производ и услуга, вклучувајќи споредбено рекламирање, што доведува до забуна со други производи и услуги, трговски марки, трговски називи или други својства по кои се разликуваат конкурентите и
б) неисполнување на обврските од кодексот на однесување од страна на трговецот, што тој ги прифатил да ги почитува, кога:
обврската не е факултативна, туку е цврста и може да се провери и
трговецот во своето пазарно однесување покаже дека е обврзан со кодексот на однесување.
Измамнички пропусти
Пазарно однесување се смета за измамничко доколку, во својата фактичка состојба, имајќи ги предвид сите околности, специфичности и ограничувања на средствата за комуникација, трговецот пропушти да даде значајна информација која на просечниот потрошувач му е неопходна во дадениот случај, за да донесе соодветна одлука за правење промет, па тоа го наведе или веројатно може да го наведе просечниот потрошувач да донесе одлука за правење промет што не би ја донел во други случаи.
За измамнички пропуст се смета и кога, имајќи ги предвид случаите од ставот 1 на овој член трговецот значајните информации ги крие или дава нејасни, делумни, двосмислени или ненавремени информации или пропушти да ја идентификува трговската намера за даденото пазарно однесување, доколку тоа не е очигледно од случајот, како и кога во кој било случај, ова наведува или е веројатно дека ќе го наведе просечниот потрошувач да донесе одлука за правење промет што не би ја донел во други случаи.
Кога се користи некое средство за комуникација при реализирање на пазарно однесување која наметнува ограничувања во просторот и времето, тие ограничувања и сите мерки преземени од трговецот за да ги направи информациите достапни за потрошувачите преку кои било други средства, ќе се земаат предвид кога се одлучува дали има испуштена информација.
Во случај на упатување на понуда за купување, под услов тоа од околностите на случајот да не е очигледно, информациите кои се сметаат од суштествено значење се:
а) главните карактеристики на производот и услугата, во обем соодветен на средството за комуникација и производот и услугата;
б) полна адреса и идентитетот на трговецот, како што е неговото трговско име
и таму каде што постои полна адреса и идентитет на трговецот во чие име постапува;
в) цената со вклучен данок или кога природата на производот и услугата е таква што цената не може да се пресмета однапред, начинот на кој се пресметува цената, како и, кога тоа е неопходно, сите дополнителни трошоци за превоз, испорака или поштенски трошоци или, кога овие трошоци не можат да бидат пресметани однапред, таквите дополнителни трошоци мора да се платат.
г) договорите за плаќање, испорака, изведба и начинот на решавање на жалбите, доколку отстапуваат од барањата за професионално однесување и
д) за производите и услугите и прометот кои подразбираат право на повлекување или откажување и постоење на тоа право.
Глава III
Агресивно пазарно однесување
Пазарно однесување се смета за агресивно доколку, во својата фактичка состојба, имајќи ги предвид сите околности и специфични случаи, со вознемирување, притисок, вклучувајќи и физичка сила, или прекумерно влијание, значително ја намалува или е веројатно дека значително ќе ја намали слободата на избор или однесувањето на потрошувачите во врска со производот и услугата
и на тој начин го наведува или е веројатно дека ќе го наведе да направи промет, што во други околности не би го направил.
Употреба на вознемирување, притисок и прекумерно влијание
При одредување дали некое пазарно однесување употребува вознемирување, притисок, вклучувајќи физичка сила, или прекумерно влијание, се зема предвид следново:
а) време на одвивање, локацијата, природата или траењето;
б) употребата на заканување, навредливи изрази или однесување;
в) користење на ситуација од страна на трговецот во смисла на несреќен случај или околности со таква тежина кога е намалена моќта на расудување на потрошувачот, а трговецот е свесен за тоа, а заради влијание на неговата одлуката во врска со производот и услугата;
г) сите сериозни или несразмерни пречки надвор од договорот наложени од страна на трговецот кога потрошувачот сака да ги спроведе правата од договорот, вклучувајќи право да го раскине договорот, замена на производот и услугата или барање на друг трговец и
д) какви било закани за преземање на правни работи кои по закон не можат да бидат преземени.
Нечесно однесување
Пазарно однесување е нечесно во сите околности, доколку истото е измамничко или агресивно:
Измамничко пазарно однесување е доколку:
трговецот тврди дека е потписник на кодекс на однесување кога тоа не е точно,
се прикаже ознака за доверба, ознака за квалитет или еквивалентно на тоа без да го добие неопходното овластување,
се тврди дека кодексот на однесување има препорака од јавноста или од друг
орган кога тоа не е точно,
се тврди дека трговец (вклучувајќи го неговото пазарно однесување) или производ и услуга биле одобрени, препорачани или овластени од јавноста или приватен орган кога тој/тоа не е точно или да го тврди тоа без да биде во согласност со условите за одобрување, поддржување или овластување,
се прави покана за купување на производи и услуги со утврдена цена без да се открие постоењето на каква било разумна основа што трговецот може да ја има, дека нема да биде во можност да ги обезбедува или да договори друг трговец да ги обезбедува, тие производи и услуги или еквивалентни производи и услуги по таа цена за временски период и количини што се разумни, имајќи го предвид производот и услугата обемот на рекламирањето на производот и услугата и понудената цена (рекламирање со мамка),
се прави покана за купување на производи и услуги со утврдена цена и тогаш:
а) да се одбие да им се покаже рекламираниот производ или услуга на потрошувачите или
б) да се одбие примање на нарачки или испорака во разумен временски период или
в) да се покаже дефектна мостра од трговецот со намера да се промовира друг производ или услуга (мамка и замена),
лажно да се тврди дека производ и услуга ќе бидат достапни само во мошне ограничен временски период или дека ќе биде достапен под одредени услови во мошне ограничен временски период, со цел да се изнуди брза одлука и да се оневозможат потрошувачите да добијат можност или време да направат избор како што претходно биле информирани,
се преземе обезбедување на постпродажни услуги за потрошувачи со кои трговецот комуницирал пред да се направи прометот на јазик што не е службен јазик на земја каде што трговецот е лоциран и потоа да ја обезбедува таа услуга достапна само на друг јазик без јасно да му се открие ова на потрошувачот пред потрошувачот да се обврзе на правењето промет,
се тврди или на друг начин се создава впечаток дека производот и услугата може законски да се продаде, а тоа не е точно,
се презентира дека на потрошувачите им се дадени правата согласно со закон како истакната карактеристика на понудата на трговецот,
се употребува уредничка содржина во медиумите за да се промовира производ и услуга кога трговецот платил за промоција без тоа да го наведе јасно во содржината или со слики или звук што јасно можат да бидат идентификувани од потрошувачот (уредничка реклама),
неточно се тврди за природата и обемот на ризикот за личната безбедност на потрошувачот или неговото семејство, доколку потрошувачот не го купи производот и услугата;
се промовира производ и услуга сличен на производ и услуга направени од конкретен производител на таков начин што намерно се измамува потрошувачот да верува дека производот и услугата е направен од истиот производител, кога тоа не е точно;
се основа, или промовира пирамидална промотивна шема кога потрошувач ја разгледува можноста да добие надоместок што примарно потекнува од воведување на други потрошувачи во шемата наместо од продажба или користење на производите и услугите,
се тврди дека трговецот планира да престане со работа или да се пресели, кога тоа не е точно,
се тврди дека одделни производи и услуги се во состојба да го олеснат добивањето во игри на среќа,
лажно се тврди дека производ и услуга може да излечи болести, нарушени функции или деформации,
проследување на неточни информации за пазарните услови од материјално значење или за можноста да се најде производ и услуга со намера да се наведе потрошувачот да го набави производот и услуга во услови што се помалку поволни од вообичаените пазарни услови,
се тврди во пазарното однесување дека се нуди наградна игра или промотивна награда без да се доделат опишаните награди или разумен еквивалент,
се опише производ и услуга како „гратис“, „бесплатен“, „без надоместок“ или слично кога потрошувачот треба да плати каков било надоместок, освен трошокот што не може да се избегне за да одговори на пазарното однесување и да се подигне или плати испораката на производот и услугата,
се вклучи во маркетиншкиот материјал фактура или сличен документ со којшто се бара плаќање, што му дава впечаток на потрошувачот дека тој веќе го нарачал пласираниот производ и услуга, кога тоа не е точно,
лажно се тврди или создаде впечаток дека трговецот не дејствува заради цели поврзани со неговото занимање, дејност, занает или професија, или лажно се претставува себеси како потрошувач и
се создаде лажен впечаток дека постпродажната услуга во врска со производ
е достапна во земјата, различна од таа каде што се продава производот.
Агресивно пазарно однесување е, доколку:
се создаде впечаток дека потрошувачот не може да ги напушти просториите додека не се направи договор,
се прават лични посети во домот на потрошувачот игнорирајќи го барањето на потрошувачот да го напушти или да не се враќа, освен во околности и во мера оправдана, според националното право, за да се изврши договорна обврска,
се прават постојани и несакани понуди по телефон, факс, електронска пошта или преку далечински медиуми освен во околности и во мера оправдана согласно со закон, за да се изврши договорна обврска,
се бара од потрошувач кој сака да поднесе жалба по осигурителна полиса да обезбеди документи што не може да се сметаат за релевантни во разумна мера за тоа дали жалбата е валидна, или пак систематски да не одговора на постојана кореспонденција, со цел да го разубеди потрошувачот од спроведување на неговите договорни права,
се вклучи во реклама за директно принудување на деца да купат рекламирани производи и услуги или да ги убедат нивните родители или други возрасни лица да ги купат рекламираните производи и услуги за нив,
се бара итно или одложено плаќање за или враќање или безбедно чување на производи и услуги обезбедени од страна на трговецот, но не на барање на потрошувачот,
се информира експлицитно потрошувачот дека доколку не го купи производот
и или услугата, работата или живеачката на трговецот ќе бидат загрозени и
се создаде лажен впечаток дека потрошувачот веќе освоил, ќе освои или со одредена постапка ќе освои, награда или друга еквивалентна корист, кога:
не постои награда или друга еквивалентна корист, или е предмет на плаќање или задолжување од страна на потрошувачот, преземајќи каква било активност во врска со барањето да се добие награда или друга еквивалентна корист.
Глава IV
Кодекс на однесување
Министерството за економија е должно да ги поттикне трговците иматели на кодекс на однесување да го контролираат нечесното работење на оние трговци кои пристапиле кон кодексот, со тоа што контролата на применување на кодексот на однесување може да биде само доуредување, а не заменување на постапката за забраната на нечесно работење утврдено со овој закон. Министерство за економија е должно да ги поттикне трговците иматели на кодекс на однесување да ги информираат потрошувачите за неговото постоење и неговата содржина.
ДЕЛ III-б
Колективна заштита на потрошувачите
Секое овластено тело може да му предложи на надлежниот инспекторат да покрене постапка пред надлежен суд за престанување на постапување спротивно со одредбите од членовите од 53 до 117 на овој закон.
Постапката од ставот 1 на овој член може да се покрене против трговец поединец или група на трговци од иста стопанска дејност кои постапуваат спротивно на одредбите од овој закон и Законот за облигациони односи, коморските и другите здруженија на трговци кои постапиле спротивно, или против оние кои ги пропишале правилата за постапување на трговците кои се однесуваат на нечесно пазарно однесување согласно со одредбите на ДЕЛ III-а членови 31-а, 31-б, 31-в, 31-г, 31-д, 31-ѓ и 31-е од овој закон.
Против операторите на средствата за далечинска комуникација кои не постапуваат во согласност со овој и друг закон, овластено тело може да му предложи на надлежниот инспекторат да ја покрене постапката од ставот 1 на овој член.
Одредбите од ставовите 1, 2 и 3 на овој член не ја ограничуваат можноста надлежниот инспекторат самоиницијативно да покрене постапки против субјектите од ставовите 2 и 3 на овој член кои постапуваат спротивно на овој закон.
Тела овластени за покренување на постапки
Владата на Република Македонија, на предлог на министерот за економија, со акт ги определува овластените тела кои имаат заеднички интерес за заштита на потрошувачите.
Актот од ставот 1 на овој член ќе се достави за внесување во листата на овластените тела на Европската комисија.
Доколку постапувањето на одредени трговци или група на трговци со седиште во Република Македонија, е во спротивност со одредбите на овој закон и други прописи кои се наведни во членот 31-ж на овој закон и влијае или може да влијае врз положбата на потрошувачите во некоја држава членка на Европската унија, покренување на постапката од членот 31-ж на овој закон може да предложи здружение за заштита на потрошувачите од таа држава или некое друго независно тело кое според прописите на таа држава е основано заради заштита на заедничките интереси на потрошувачите.
Во случаите од ставот 3 на овој член своето овластување да предложи покренување на постапка од членот 31-ж на овој закон, овластените тела за покренување на постапки ќе докажат со листа на овластени тела кои имаат заеднички интерес за заштита на потрошувачите составена од Комисијата на Европската унија, а во која е наведен и тој субјект.
Листата од ставот 4 на овој член овластеното тело ќе ја достави истовремено со предлогот за покренување на постапката од членот 31-ж до надлежниот инспекторат во форма на копија од службениот лист на Европската заедница во кој е објавен, со оверен превод на македонски јазик.
Докажување
Доколку постапката од членот 31-ж на овој закон е покрената поради повредата на одредбите од членовите 53 до 117 на овој закон, трговецот, односно операторот на средства за далечинска комуникација е должен да докаже дека на потрошувачот му доставил претходно известување, односно потврда во писмена
форма за претходно известување, односно дека се придржувал на роковите за исполнување на договорот, или договорот склучен по пат на средствата за далечинска комуникација.
Доколку постапката од членот 31-ж на овој закон е покрената поради повредата на одредбите од членовите 53 до 117 на овој закон, трговецот односно давателот на услуги е должен да докаже дека ги исполнил своите обврски од претходно известување кон потрошувачот и дека потрошувачот се согласил да склучи договор, односно се согласил давателот на услуги да ги даде договорените услуги пред истекот на рокот за еднострано раскинување на договорот.
Во постапката покрената согласно со ставовите 1 и 2 на овој член, докажувањето на доказите е обврска на трговецот, односно операторот на средства за далечинска комуникација.
Докази кои не се земаат предвид
Доколку постапката од членот 31-ж на овој закон е покрената поради
повредата на одредбите од членовите 53 до 117 на овој закон, при одлучувањето дали пазарното однесување е нечесно, нема да се зема предвид дали со таа пракса некому му е причинета штета, односно дали е веројатно дека на некого ќе му биде причинета штета, како и дали субјектот против кого се води постапката е виновен за нечесно пазарно однесување.
Докази на потврдување на фактите
Доколку постапката од членот 31-ж на овој закон е покрената поради повредата на одредбите од членовите 53 до 117 на овој закон, надлежниот инспекторат, доколку е тоа можно, поради околностите на случајот, земајќи ги предвид оправданите интереси на трговецот односно давателот на услуги, може да побара од трговецот, односно давателот на услуги против кого се води постапката, во рок од седум дена да ги достави доказите со кои се потврдува вистинитоста на фактите наведени во рамките на пазарното однесување.
Доколку доказите од ставот 1 на овој член не бидат доставени до надлежниот инспекторат, се смета дека доставените докази се непотполни или недоволни, односно невистинити.
Решение
Доколку надлежниот инспекторат, во спроведувањето на инспекцискиот надзор утврди дека трговецот односно давателот на услуги против кого се води постапката постапил спротивно на одредбите од членовите 53 до 117 на овој закон и одредбите наведени во членот 31-ж од овој закон, со решение ќе нареди трговецот односно давателот на услуги да престане со такво постапување, односно да ги отстрани утврдените неправилности во утврдениот рок во кој неправилностите мора да бидат отстранети.
Доколку постапката од членот 31-ж на овој закон се води поради повредата на одредбите од членовите 53 до 117 на овој закон, трговецот, односно давателот на услуги против кој се води постапката сé уште не започнал со одредено пазарно
однесување, а започнувањето на тоа пазарно однесување е извесно, доколку надлежниот инспекторат утврди дека тоа пазарно однесување е нечесно во смисла на одредбите од членовите 31-ж, 31-з, 31-s, 31-и и 31-ј на овој закон, со решение ќе му забрани на трговецот, односно на давателот на услуги против кого се води постапката да го користи тоа пазарно однесување.
Објавување на решение
Доколку надлежниот инспекторат со решение нареди престанување на постапките кои се спротивни на одредбите на овој закон или други прописи наведени во членот 31-ж од овој закон или доколку забрани такво постапување, ќе му нареди на трговецот односно давателот на услуги против кого се води постапката, на свој трошок јавно да го објави тоа решение во најмалку два дневни весници, односно исправката на неточните известувања.
Жалба
Против решението од членот 31-к на овој закон трговецот, односно давателот на услуги против кој се води постапката може во рок од осум дена од денот на доставувањето на решението да поднесе жалба до надлежниот инспекторат.
Жалбата против решението од членот 31-к на овој закон не го одлага неговото извршување.
По жалбата изјавена против решението на инспекторот одлучува посебна комисија формирана согласно со Законот за Државниот пазарен инспекторат.
Привремени мерки
Надлежниот инспекторат е овластен со решение привремено, до донесувањето на конечна одлука да нареди прекинување на одредени постапки за кои постои оправдано сомнение дека се спротивни на одредбите на овој закон и други прописи наведени во членот 31-ж на овој закон.
Жалбата против решението од ставот 1 на овој член не го одлага неговото извршување.
Против решението од членот 31-к на овој закон трговецот, односно давателот на услуги против кој се води постапка може да изјави жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението.
Жалбата против решението од членот 31-к на овој закон не го одлага неговото извршување.
По жалбата изјавена против решението на инспекторот одлучува посебна комисија формирана согласно со Законот за Државниот пазарен инспекторат.
Постапка пред суд
Покренување или водење на постапки покренати врз основа на членот 31-ж од овој закон не го спречува лицето на кое, постапувањето на трговците кое е спротивно на овој закон и другите прописи кои се наведени во членот 31-ж од
овој закон, му предизвикало штета, да покрене постапка пред надлежниот суд за надомест на штета против трговецот, односно давателот на услуги кој со недозволени постапки ја причинил штетата, пред надлежниот суд да ја покрене постапката за поништување или утврдување ништовност на договорот кој е склучен под влијание на недозволено постапување, односно пред надлежниот суд да покрене која било друга постапка со која ќе се бара остварување на правата кои му припаѓаат врз основа на правилата содржани во овој или друг закон.
Контрола на нечесно пазарно однесување
Доколку постапката од членот 31-ж на овој закон се покренува поради повреда на одредбите од членовите од 53 до 117 на овој закон, покренување на тие постапки не ја исклучува можноста за контрола на нечесно пазарно однесување од страна на имателите на кодексот на однесување, ниту ја исклучува можноста телата овластени за покренување постапки наведени во членот 31-з на овој закон, да покренат пред имателот на кодексот на однесување соодветна постапка против оние трговци кои постапиле спротивно на правилата за пазарно однесување.
ДЕЛ IV
ОПШТА БЕЗБЕДНОСТ НА ПРОИЗВОДИТЕ И ОДГОВОРНОСТ
ГЛАВА 1
ОПШТА БЕЗБЕДНОСТ НА ПРОИЗВОДИТЕ
Пуштање во промет на безбедни производи
Трговецот е должен да пушта во промет безбедни производи согласно со утврдените технички барања и прописи за соодветниот производ и во согласност со барањата што се утврдени за заштита на животната средина и здравјето на луѓето.
Безбеден производ
Безбеден производ е секој производ кој во нормални или според разумно предвидливи услови на користење, вклучувајќи го и рокот на употребата, не претставува било каков ризик или ризикот е минимален и е соодветен на користа од употребата на производот и кој ги исполнува условите со кои се обезбедува висок степен на заштита на безбедноста и здравјето на луѓето, и тоа земајќи ги предвид:
својствата на производот, вклучувајќи го неговиот состав, пакувањето, упатството за составување, употребување и одржување;
дејството врз други производи каде што е логично дека ќе се користи заедно со други производи;
презентацијата на производот, неговите ознаки, етикетирањето, упатствата за користење, фрлање и било какви други ознаки или информации дадени за производот и
категориите на потрошувачи, особено децата и старите лица кои се изложени на ризик при користење на производот.
Опасен производ
Опасен производ е секој производ што не ги исполнува предвидените услови за безбеден производ од членовите 32 и 33 на овој закон.
Опасни производи, во смисла на ставот 1 од овој член, се и производите кои имаат форма, мирис, боја, изглед, пакување, етикета, волумен или големина и како такви можно е потрошувачите, особено децата, да ги заменат со прехранбени производи и да ги ставаат во уста, да ги цицаат или голтнат, што може да биде опасно и да предизвика задушување, труење, перфорирање или опструкција на дигестивниот тракт и слично.
Давање на информации
Трговецот е должен, во рамките на своето редовно работење да дава информации за ризиците на производот во текот на нормален или разумно предвидлив период на употреба, каде што таквите ризици не се очигледни и да преземе мерки на претпазливост од тие ризици и да соработува при спроведувањето на дејствијата преземени за избегнување на таквите ризици.
Производителите и дистрибутерите во случаи кога знаат или претпоставуваат, врз основа на информации кои ги имаат, дека производите што се пласирани на пазарот се ризични за потрошувачите и не се во согласност со општите барања за безбедност, се должни веднаш да ги информираат надлежните органи за преземање дејствија заради заштита на потрошувачите од тие ризици.
Покрај известувањето на надлежните органи, во смисла на ставот 2 на овој член, производителите и дистрибутерите можат и да ги повлечат производите од пазарот заради избегнување на ризиците.
Должност на трговецот при продажба на производите, односно давање на услуги
Трговецот е должен да му продаде на потрошувачот производ, односно да му дава услуга од таков квалитет и квантитет кој целосно одговара на утврдените технички барања и прописи, на пропишаните стандарди, нормативи и услови предвидени со договорот, барањата што биле истакнати, како и на информациите што трговецот ги дал за производот или услугата.
Во ДЕЛ IV Главата 2 е избришана, види: Закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите („Службен весник на РМ“ бр.24/11).
ГЛАВА 3
ОДГОВОРНОСТ ЗА ПРОИЗВОДИТЕ
Одговорност
Производителот одговара за штетата што била предизвикана од недостатоците на неговиот производ.
Лицето кое во рамките на својата деловна активност на територијата на Република Македонија извршило увоз на некој производ за продажба, за изнајмување, лизинг или за некој вид негова дистрибуција, ќе одговара за штетата во смисла на ставот 1 од овој член, како производител.
Дистрибутерот или трговецот на производот што ја предизвикал штетата ќе се смета за производител, ако:
производителот на производот што е произведен на територија на Република Македонија, не може да се идентификува, освен ако дистрибутерот или трговецот во разумен рок го известиле оштетениот за идентитетот на производителот и
увозникот на производот што бил увезен од странство не можел да се идентификува дури и кога на самиот производ е назначено името на неговиот производител, освен ако дистрибутерот или трговецот во разумен рок го известиле оштетениот за идентитетот на производителот.
Ако не може да се утврди кој е производител на производот или увозник, тогаш секој трговец или дистрибутер се смета за производител и е одговорен за штетата што била предизвикана од недостатоците на производот.
Трговецот ќе му одговара на потрошувачот за секој недостаток поврзан со сообразноста кој постоел во времето кога производите биле доставени.
Недостатоци
Производот има недостатоци кога не ја исполнува општата обврска за безбедност утврдена во членот 33 на овој закон, односно не обезбедува онаква безбедност каква со право, врз основа на сите околности, лицето очекува да ја има, и тоа:
врз основа на презентирање на производот;
употребата за која е разумно дека производот ќе се користи;
времето кога производот е пуштен во промет и
кога не ја исполнува општата обврска за сообразеност утврдена во членот 22 на овој закон или договорните обврски.
Се смета дека производот е усогласен со договорот доколку:
одговара на описот наведен во членот 5 на овој закон од страна на трговецот
и ги поседува квалитетите на производите кои трговецот му ги понудил на потрошувачот како примерок или модел;
е погоден за секоја посебна намена за која потрошувачот го бара и која му ја ветил трговецот во времето на склучување на договорот, а која трговецот ја прифатил;
е погоден за намената за која вообичаено се користат производите од истиот тип и
покажува квалитет и изведба кои се вообичаени за производите од истиот тип
и кои потрошувачот може разумно да ги очекува, со оглед на природата на производите и со оглед на било какви јавни изјави во врска со посебните карактеристики на производите дадени од страна на трговецот, производителот или неговиот претставник, особено при рекламирање или на етикетата.
Права на потрошувачите во однос на недостаток на сообразност
Потрошувачот на кого му е продаден производ со недостаток има право по свој избор да бара:
бесплатно отстранување на недостатоците на производот или надомест на трошоците направени за отстранување на недостатокот;
сразмерно намалување на продажната цена;
замена на производот со соодветен производ со иста трговска марка, тип, индустриски дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот;
замена на производот со соодветен производ со друга трговска марка, тип, индустриски дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот со соодветно намалување или зголемување на производната цена и
раскинување на договорот, враќање на платениот износ и надомест за претрпената штета.
Потрошувачот нема право да го раскине договорот ако недостатокот на производот е минимален.
Барањето од ставот 1 на овој член потрошувачот по свој избор може да го поднесе пред надлежниот инспекциски орган или до трговецот или до дистрибутерот, во местото на купување на производот или во местото на своето живеалиште.
Право на замена на прехранбени производи
Во случај кога потрошувачот купил прехранбени производи со недостаток, трговецот е должен да изврши нивна замена за производи со соодветен квалитет или на потрошувачот да му го врати платениот износ, доколку недостатоците се утврдени во рокот до кога производот може да се употребува.
Услови за остварување на правата на потрошувачите
Потрошувачот за да ги оствари правата од членовите 42, 43 и 44 на овој закон
е должен да приложи фискална сметка за производот, односно јасно видлива и читливо напишана сметкопотврда, а за производите за кои постојат рокови за гаранција и гарантен лист или друг документ што го заменува.
Трговецот или производителот е должен да го прими производот со недостаток од потрошувачот и да ги задоволи неговите барања, освен ако не докаже дека недостатоците на производот настанале поради повреда на правилата за употреба и чување од страна на потрошувачот, трети лица или виша сила.
Потрошувачот има право да присуствува при проверката на квалитетот на производот.
Доставувањето на производите погабаритни од 1м3, или потешки од 10 килограми, заради поправка, процена, замена или враќање на потрошувачот се остварува бесплатно од страна на трговецот. Во случај на неисполнување на оваа обврска и во случаите кога во местото на живеење на потрошувачот нема трговец или производител, доставувањето и враќањето на производот може да го направи самиот потрошувач. Во таков случај трговецот е должен да му ги надомести неопходните трошоците кои се поврзани со доставување и враќање на производите.
Поднесување на барања
Потрошувачот има право да ги поднесе барањата од членовите 42, 43 и 44 на овој закон доколку недостатоците на производот се откриени во гарантниот рок, односно во рокот до кога може производот да се употребува што го определил производителот.
За производите за кои не се утврдени гарантни рокови, потрошувачот има право на производителот да му ги поднесе барањата од членовите 42, 43 и 44 на овој закон, доколку се откриени во рок од шест месеца од предавањето на производот, освен ако со договор или со друг закон не се утврдени подолги рокови.
Барањата предвидени во овој член не можат да се поднесуваат за производи чии недостатоци биле откриени по истекот на гарантниот рок, односно во рокот до кога може производот да се употребува.
Роковите од ставот 2 на овој член почнуваат да течат од денот кога производот му е предаден на потрошувачот, ако не може да се утврди тој ден од денот на производството.
За производите чии употребни својства по определен временски рок можат да се влошат (расипливи производи), а кои би претставувале опасност по животот и здравјето или имотот на потрошувачот и животната средина и природата (производи за храна, парфимериско-козметички производи, лекови, хемиски производи за задоволување на потребите на населението и друго), задолжително се утврдуваат рокови на употреба.
Роковите на употреба течат од денот на производството.
Забрана на продажба
Забранета е продажба на производи чиј рок на употреба е изминат.
Рокови и начин на отстранување на недостатоците
Недостатоците кои се откриени од страна на потрошувачот, трговецот мора да ги отстрани во рок од 30 дена од моментот на поднесувањето на барањето од страна на потрошувачот или по добивањето на решението од надлежниот инспекциски орган со кое е наредено трговецот да ги отстрани недостатоците во определен рок.
За производите кои служат за потрајна употреба трговецот е должен, по приемот на барањето од потрошувачот, веднаш да му достави соодветен производ кој потрошувачот ќе го користи за време на поправката на производот.
Во случај на отстранување на недостаток на производот гарантниот рок се продолжува за време во кое производот не е користен. Ова време се пресметува од денот на барањето на потрошувачот за отстранување на недостатокот.
Во случај на отстранување на недостатоци со замена на производот кој се склопува или е составен дел на производот за кој се утврдени гарантни рокови, гарантниот рок за новиот производ почнува да тече од денот кога на потрошувачот му е испорачан производот чиј недостаток се отстранува.
Ревизија на цената
Кај замената на производот со недостаток за производ со иста трговска марка, тип, индустриски дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот не се врши ревизија на цената на производот во случаи ако во меѓувреме дошло до промена на цената на тој производ.
При раскинувањето на договорот со потрошувачот, а во случај ако во меѓувреме дошло до зголемување на цената на производот, се врши ревизија на цената на производот, при што се зема предвид цената на производот во моментот на истакнувањето на барањето, а во случај ако во меѓувреме дошло до намалување на цената на производот, тогаш се зема предвид цената на производот во моментот на купувањето.
При замена на производот со недостаток со производ со друга трговска марка, тип, индустриски дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот, во случаи кога цената на производот е зголемена, ревизијата на цената на производот се врши врз основа на цената на производот која важи во моментот на замената.
На потрошувачите на кои производот им е продаден на кредит, во случај на раскинување на договорот за продажба, им се враќа паричниот износ кој на име на плаќање на кредитот е уплатен до моментот на враќање на производот, а се надоместува и износот што е платен за добивање на кредитот.
Замена со друг производ
Потрошувачот има право кај трговецот кај кој е купен производот да го замени производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини освен во случај на купен производ изготвен по нарачка од потрошувачот врз основа на писмен договор.
Потрошувачот правото од ставот 1 на овој член може да го оствари во рок од
15 дена од денот кога производот е купен.
Замена на производот со соодветен квалитет се врши ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и фискалната сметка за производот или сметкопотврда кои на потрошувачот му биле издадени заедно со производот.
Ако во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот трговецот нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот има право по свој избор да бара:
да го раскине договорот и да бара враќање на платениот паричен износ или
да го замени производот со соодветен кога ќе има таков производ.
Трговецот е должен да го извести потрошувачот кој барал замена на производот дека има таков производ за продажба во рок кој не може да биде подолг од 30 дена од денот на приемот на барањето.
Надомест на штета
Штетата предизвикана од небезбеден производ се надоместува согласно со правилата утврдени во Законот за облигациони односи.
Исклучоци или ограничување на одговорност и рокови
Производителот нема да одговара за недостатоците на производот ако докаже дека:
тој не го пуштил производот во прометот;
имајќи ги предвид околностите на случајот, недостатокот што ја предизвикал штетата веројатно не постоел во времето кога тој го пуштил во промет производот или дека таквиот недостаток настапил подоцна;
тој не го произвел производот за продажба, ниту за каква било форма на дистрибуција за економски цели, ниту пак го произвел или го дистрибуирал производот во врска со неговиот деловен потфат, односно во врска со неговото редовно работење;
недостатокот произлегува од усогласеност на производот со задолжителните прописи донесени од надлежните државни органи и
го изработил само составниот дел на производот, односно прибавил само суровина, помошна суровина или додаток (адитив) така што недостатокот настанал поради составот на производот во кој е вграден составниот дел, а штетата настанала поради непочитување на упатството на производителот на тој производ.
Не се смета дека производот има недостаток само поради тоа што подоцна бил ставен во промет подобар производ.
Одговорноста на производителот може да биде ограничена или исклучена доколку, со оглед на сите околности штетата е предизвикана од недостатокот на производот или заради вина на оштетеното лице или друго лице за кое оштетеното лице е одговорно.
Одговорноста на производителот што произлегува согласно со оваа глава, не може да биде намалена или исклучена во однос на оштетеното лице со одредба со која се ограничува или исклучува неговата одговорност.
Основите за одговорност на производителот согласно со оваа глава од Законот застаруваат по истекот на рок од десет години од денот кога производителот го ставил во промет производот кој ја предизвикал штетата, освен ако оштетеното лице во меѓувреме не покренало постапка против производителот.
ДЕЛ V
ПОСЕБНИ ОПРЕДЕЛБИ ЗА ПОТРОШУВАЧКИ ДОГОВОРИ
ГЛАВА 1
НЕЧЕСНИ ОДРЕДБИ ВО ПОТРОШУВАЧКИТЕ ДОГОВОРИ
Поим на нечесни договорни одредби
За нечесна се смета одредбата во потрошувачкиот договор за која одделно не се договарало и спротивно на начелото на совесност и чесност, создава очигледен несразмер меѓу правата и обврските на договорните странки на штета на потрошувачот.
Одделна договорена одредба ќе се смета дека не е поединечно договарана ако таа одредба била однапред формулирана од страна на трговецот, а потрошувачот немал влијание на нејзината содржина, особено ако се работи за одредби што се однапред формулирани во стандардниот договор на трговецот.
Ако трговецот тврди дека за одделна договорна одредба во однапред составен стандарден договор поединечно се договарало, должен е тоа да го докаже.
Одредбите од оваа глава на Законот не се применуваат ако во договорот се внесени одредби од присилна природа, односно со кои во договорот се внесени одредби и начела од конвенции и меѓународни договори кои ја обврзуваат Република Македонија.
Нечесна одредба во однос на обврските
За нечесни се сметаат одредбите во потрошувачкиот договор и условите или комбинациите на одредбите и условите што имаат за цел при склучувањето на договорот да утврдат непосредна и конечна обврска за потрошувачот, а за трговецот се предвидени услови чија реализација не зависи од волјата на потрошувачот.
Нечесна одредба во однос на цената
За нечесна се смета одредбата во потрошувачкиот договор со која на трговецот му се дозволува да ја менува цената во зависност од елементите, што исклучиво зависат од волјата на трговецот.
Нема да се смета дека е исполнет условот од ставот 1 на овој член за:
лизгава скала за корекција на цената, до мерка до која таквите одредби се законити, а начинот на прилагодувањето на цената изрично е наведен во самиот договор;
одредба според која трговецот на финансиски услуги го резервира правото да ја менува тарифата за таквите услуги, под услов да постои обврска за трговецот да го извести потрошувачот во разумен рок, а потрошувачот да има право веднаш да го раскине договорот и
одредба со која трговецот на финансиски услуги за себе го резервира правото да ја менува висината на каматната стапка без да го извести потрошувачот, ако постои основа за тоа, со обврска трговецот да го извести потрошувачот веднаш штом тоа ќе биде можно и со право на потрошувачот веднаш да го раскине договорот.
Менување на карактеристики на производ и услуга
За нечесна се смета одредбата во потрошувачкиот договор со која трговецот за себе го резервира правото еднострано да ги менува карактеристиките на производот што треба да се испорача или на услугата што треба да се изврши, ако таквите карактеристики се од суштествена природа за потрошувачот или за намената што потрошувачот ја планирал за производот или услугата, доколку потрошувачот го известил трговецот за таа намена, а трговецот се согласил со тоа или кога не постоела таква спецификација, таквата намена да можела основано да се предвиди.
Време на испорака – извршување
За нечесна се смета одредбата во потрошувачкиот договор со која трговецот се овластува еднострано да го утврдува или менува времето за испорака на производот или за извршување на услугата.
Поголеми права на трговецот
За нечесна се смета одредбата во потрошувачкиот договор со која на трговецот му се дава правото самиот еднострано да утврдува дали испорачаниот производ или извршената услуга е во согласност со договорот, или трговецот поседува исклучително право да ги толкува неспецифицираните одредби од договорот.
Забрана за раскинување на договор
За нечесна се смета одредбата во потрошувачкиот договор со која се забранува на потрошувачот да го раскине договорот ако трговецот не ги исполнил своите обврски.
Право на раскинување на договорот поради непочитување
на обврските од гаранцијата
За нечесна се смета секоја одредба во потрошувачкиот договор со која се ограничува правото на потрошувачот да го раскине договорот, кога согласно со обврската за гаранција трговецот не ја почитува својата обврска за отстранување на недостатоците или не ги отстранува недостатоците во рокот определен со гаранцијата.
Неисполнување и доцнење кај трговецот или давателот на услуга
За нечесна се смета одредбата во потрошувачкиот договор што го обврзува потрошувачот да ги извршува своите обврски од договорот и покрај тоа што трговецот не ги извршил или доцни со извршувањето на своите обврски.
Еднострано раскинување и менување на договорот
За нечесна се смета одредбата во потрошувачкиот договор со која се овластува трговецот еднострано да го раскине или да го менува договорот, без обештетување на потрошувачот, освен во случај на крајна нужда.
Виша сила
За нечесна се смета одредбата во потрошувачкиот договор со која во случај на виша сила потрошувачот со договорот се задолжува да може да го раскине договорот само со претходна исплата на штета.
Ослободување од одговорност за штета во случај на вина
За нечесна се смета одредбата во потрошувачки договор со која се ослободува трговецот или неговите застапници или вработени од одговорност за штета во случај на вина или од одговорност во случај на неисполнување на обврската што претставува суштествен елемент на договорот.
Ослободување од одговорност за правни и скриени материјални недостатоци
За нечесна се смета одредбата во потрошувачкиот договор со која трговецот се ослободува од одговорност за правните и скриените материјални недостатоци.
Забрана за пребивање
За нечесна се смета одредбата во потрошувачкиот договор со која се забранува на потрошувачот да изврши пребивање на своите обврски со обврските на трговецот кон него, кога за тоа се исполнети законските услови.
Известување за недостатоци
За нечесна се смета одредбата во потрошувачки договор со која се определува неразумен рок во кој потрошувачот треба да го извести трговецот за недостатоците на производот или услугите.
Договорна казна за неисполнување на обврската
За нечесна се смета одредбата во потрошувачки договор со која однапред се определува износот на надоместот на штета – договорна казна, што потрошувачот треба да ја исплати во случај на неисполнување на некоја своја обврска, без притоа да се определи ист таков износ на надомест на штета во случај на неисполнување на обврската од страна на трговецот.
Обврска со неопределено траење
За нечесна се смета одредбата во потрошувачкиот договор со која се утврдува обврската за извршување на договорот од трговецот на неопределено време, без определување разумен рок за раскинување на договорот.
Продолжување на договорот
За нечесна се смета одредбата во потрошувачкиот договор со која се продолжува важноста на договорот на неразумно долг рок, ако потрошувачот не го раскинал договорот во определениот рок или со која автоматски се продолжува важноста на договорот за некој определен рок спротивно на известувањето од потрошувачот, ако на потрошувачот му е оставен многу покус рок за изјаснување во врска со продолжувањето на договорот од времето определено за истек на договорот.
Нечесни одредби во случај на спор
За нечесни одредби во потрошувачкиот договор се сметаат и одредбите на договорот со кои во случај на спор:
се ограничуваат доказните средства што може да ги користи потрошувачот;
го принудуваат потрошувачот да се откаже од своите правни средства против трговецот и
му дозволува на трговецот, избор на определено место за седиште или живеалиште што е наведено во договорот, својата тужба да ја изјави во место што е различно од важечките домашни прописи за надлежноста.
Обем на надомест на штета
За нечесна се смета одредбата во потрошувачкиот договор со која однапред апстрактно се утврдува износот на надоместот на штета, што може да се бара во случај на неисполнување или доцнење при извршувањето на обврските на потрошувачот што очигледно го надминува обемот на штетата што трговецот веројатно може да ја претрпи заради неисполнувањето или доцнењето на потрошувачот.
Одговорност во случај на смрт, телесни и лични повреди
За нечесна се смета одредбата во потрошувачкиот договор со која се исклучува и ограничува одговорноста на трговецот во случај на смрт, телесни или лични повреди на потрошувачот што биле предизвикани со сторување или несторување на трговецот.
Ограничување на висината на надоместок во случаи од ставот 1 на овој член што треба трговецот да му го исплати на потрошувачот или на член на неговото семејство нема да се смета за нечесна доколку е поврзана со висината на највисокиот надомест што потрошувачот би го добил од осигурителна компанија доколку бил осигуран.
Задржување на износи
За нечесна се смета одредбата во потрошувачкиот договор со која на трговецот му се дозволува во случај на неисполнување или раскинување на договорот да ги задржи износите уплатени од потрошувачот при склучувањето на договорот без во исто време да се утврди правото на потрошувачот да наплати еквивалентен износ од трговецот во случај на негово неисполнување или раскинување на договорот.
За нечесна се смета одредбата во потрошувачкиот договор и во ситуација кога потрошувачот е тој кој го раскинува договорот.
Обврски преземени преку застапник
За нечесна се смета одредбата во потрошувачкиот договор со која се ограничува обврската на трговецот да ги почитува обврските што биле преземени од страна на неговите застапници или наложува некоја посебна формалност за обврските на трговецот преземени преку застапник.
Права на потрошувачот
За нечесна се смета одредбата во потрошувачкиот договор со која на несоодветен начин се исклучуваат или ограничуваат законските права и должности на потрошувачот во однос на трговецот или во однос на трети лица во случај на целосно или делумно неисполнување од страна на трговецот на договорените обврски.
Отстапување на обврската
За нечесна се смета одредбата во потрошувачкиот договор со која му се дава право на трговецот без согласност на потрошувачот да го отстапи извршувањето на договорот на трети лица, ако постои основано сомневање дека таквото отстапување ќе доведе до намалување на гаранциите за потрошувачот.
Околности кои се земаат предвид при оценувањето на договорите
При оценувањето дали определена одредба од потрошувачкиот договор е чесна или не, ќе се земе предвид особината на производот или услугата што се предмет на договорот, сите околности пред и при склучување на договорот, другите договорни одредби, како и некој друг договор кој, во однос на договорот кој се оценува, претставува главен договор.
Недозволено оценување на одделни договорни одредби
За нечесна ќе се смета одредба во потрошувачкиот договор со која не се дозволува да се оценува дали се чесни договорните одредби за предметот на договорот и цената, доколку тие одредби се јасни, лесно разбирливи и лесно видливи.
Одредбите на договорот во писмена форма
Ако врз основа на закон или договор меѓу странките поинаку не е договорено, договорот мора да биде во писмена форма и неговите одредби мора да бидат напишани јасно и лесно разбирливи.
Толкување на договорот
Двосмислени или неразбирливи договорни одредби се толкуваат во полза на потрошувачот.
Последици поради нечесност на договорните одредби
Нечесната договорна одредба е ништовна.
Ништовноста на одделни одредби од договорот не ја повлекува ништовноста и на самиот договор доколку истиот може да опстане без ништовната одредба.
Барање за забрана на користење на нечесни договорни одредби
Секој што има оправдан интерес за заштита на потрошувачите, како и здруженијата за заштита на потрошувачите, може да бара од судот да ја огласи за ништовна договорната одредба, ако се утврди дека таа одредба според одредбите од оваа глава е нечесна.
Постапката од ставот 1 на овој член може да се покрене против одделен трговец, против повеќе трговци од истата стопанска дејност, како и против здруженијата на тие трговци кои користат нечесни договорни одредби.
ГЛАВА 2
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРИ НАДВОР ОД ДЕЛОВНИТЕ ПРОСТОРИИ НA ТРГОВЕЦОТ И ДОГОВОРИ НА ДАЛЕЧИНА
Општи одредби при договорите склучени надвор од деловните простории на трговецот и договорите склучени на далечина
(1) Одредбите на овој член се применуваат на секој договор склучен меѓу трговецот и потрошувачот, меѓу другото, ова се применува и на договорите за испорака на вода, гас, електрична енергија или централно греење, исто така, од страна на јавни даватели на услуги, до степенот во кој овие основни производи се испорачани врз основа на договор.
(2) Одредбите на овој член не се применуваат на договорите:
а) за социјалните услуги, вклучувајќи ги социјалните станови, грижата за деца
и поддршката на семејствата и лицата кои имаат трајна или привремена потреба, вклучувајќи ја и долгорочната грижа;
б) за здравствена заштита;
в) за активности на коцкањето кои вклучуваат удел со парична вредност во игрите на среќа, вклучувајќи лотарии, коцкање во казина и обложувања;
г) за финансиски услуги;
д) за создавање, стекнување или пренос на недвижен имот или права на недвижен имот;
ѓ) за изградба на нови згради, значителна пренамена на постојните згради и за изнајмување на сместување за станбени цели;
е) за договорите за пакет аранжмани, пакет туристички аранжмани и пакет туристички тури, согласно со Законот за туристичка дејност;
ж) за потрошувачки договори за временски ограничено право за користење на одредена недвижност – time sharing.
з) за набавка на храна, пијалаци или други стоки наменети за тековна потрошувачка во семејството и често и редовно физички испорачани од страна на трговецот во домаќинството, живеалиштето или работното место на потрошувачот;
и) за транспортни услуги на патниците;
ј) склучени преку продажни автомати или автоматизирани трговски објекти и
к) склучени со телекомуникациски оператори преку јавни говорници за нивна употреба или склучени за употреба на само една врска преку телефон, интернет или факс, утврден од страна на потрошувачот.
(3) Одредбитe од ставовите (1) и (2) на овој член се применуваат на договорите склучени надвор од деловните простории на трговецот врз основа на кои надоместокот кој потрошувачот треба да го плати не е повисок од 50 евра во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на Република Македонија утврден на денот на исплатата.
Глава 3
ИНФОРМИРАЊЕ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ ЗА ДОГОВОРИТЕ КОИ НЕ СЕ ДОГОВОРИ НА ДАЛЕЧИНА ИЛИ ДОГОВОРИ СКЛУЧЕНИ НАДВОР ОД ДЕЛОВНИТЕ ПРОСТОРИИ
Обврски за информирање за договори кои не се договори на далечина или договори склучени надвор од деловните простории
(1) Пред потрошувачот да се обврзе со договор кој не е договор на далечина или договор склучен надвор од деловните простории или каква било соодветна понуда, трговецот му ги обезбедува на потрошувачот следниве информации на јасен и разбирлив начин, доколку тие не се очигледни:
а) главните карактеристики на стоките или услугите, до степен соодветен за траен носач и за стоките или услугите;
б) идентитетот на трговецот, како што се неговото трговско име, седиште и телефонскиот број;
в) вкупната цена на стоките или услугите вклучувајќи ги даноците или доколку природата на стоките или услугите е таква што е невозможно разумно и однапред да се пресмета цената, начинот на пресметка на цената и доколку е применливо, сите дополнителни трошоци за транспорт, испорака или поштенски трошоци, кога тие трошоци не може разумно и однапред да се пресметаат имајќи во предвид фактот дека овие дополнителни трошоци можат да се платат;
г) доколку е применливо, начините на плаќање, испорака и извршување, датумот до кој трговецот се обврзува да ги испорача стоките или обезбеди услугата и постапка која трговецот ја применува за решавање на жалбите;
д) освен потсетувањето за постоењето на законска гаранција за сообразност на стоките, постоењето и условите за постпродажна услуга и трговските гаранции, доколку е применливо;
ѓ) времетраењето на договорот, доколку е применливо, или доколку договорот
е на неопределено време или е договор кој автоматски се продолжува, условите за раскинување на договорот;
е) доколку е применливо, функционалноста на дигиталната содржина, вклучувајќи ги мерките кои се применуваат за техничка заштита и
ж) секоја релевантна интероперабилност на дигиталната содржина со хардвер и софтвер, со која трговецот е запознаен или со која разумно би било да се очекува дека е запознаен, доколку е применливо.
(2) Одредбата на ставот (1) на овој член се применува, исто така, на договорите за испорака на вода, гас и електрична енергија, кога не се нудат за продажба во ограничен обем или одреден квалитет, централно греење или дигитална содржина која не се испорачува на материјален траен носач.
Глава 4
ИНФОРМИРАЊЕ НА ПОТРОШУВАЧОТ И ПРАВОТО НА ПОВЛЕКУВАЊЕ ОД ДОГОВОРИТЕ НА ДАЛЕЧИНА И ДОГОВОРИТЕ СКЛУЧЕНИ НАДВОР ОД ДЕЛОВНИТЕ
ПРОСТОРИИ
Обврски за информирање за договорите на далечина и договор склучен надвор од деловните простории
(1) Пред потрошувачот да се обврзе со договор на далечина или договор склучен надвор од деловните простории или каква било соодветна понуда, трговецот му ги обезбедува на потрошувачот следниве информации на јасен и разбирлив начин:
а) главните карактеристики на стоките или услугите, до степен соодветен на траен носачот за стоките или услугите;
б) идентитетот на трговецот, како што е неговото трговско име;
в) седиште на трговецот и неговиот телефонски број, факс и електронска адреса, каде е можно, за да му се овозможи на потрошувачот брзо да стапи во контакт со трговецот и ефикасно да комуницира со него и доколку е применливо, седиште и идентитетот на трговецот во чие име дејствува;
г) доколку е различна од седиштето наведено во согласност со точката (в) од овој став, географската адреса на седиштето на трговецот, каде што потрошувачот може да упати евентуални жалби и доколку е применливо, онаа на трговецот во чие име дејствува;
д) вкупната цена на стоките или услугите вклучувајќи ги даноците или доколку природата на стоките или услугите е таква што е невозможно разумно и однапред да се пресмета цената, начинот на пресметка на цената и доколку е применливо, сите дополнителни трошоци за транспорт, испорака или поштенски трошоци и сите други трошоци или кога тие трошоци не може разумно и однапред да се пресметаат, фактот дека овие дополнителни трошоци можат да се платат. Во случај на договор на неопределено време или договор кој содржи претплата, вкупната цена ги вклучува вкупните трошоци за периодот на исплата. Кога тие договори се наплаќаат по фиксна стапка, вкупната цена која е еднаква, исто така, на вкупните месечни трошоци. Доколку вкупните трошоци не може разумно и однапред да се пресметаат, треба да се обезбеди начин за пресметка на цената;
ѓ) трошокот за користење на средството за комуникација на далечина за склучување на договорот кога таквиот трошок се пресметува врз друга основа различна од основната стапка;
е) начините на плаќање, испорака и извршување, датумот до кој трговецот се обврзува да ги испорача стоките или обезбеди услуга и доколку е применливо, постапка која трговецот ја применува за решавање на жалбите;
ж) во случај кога постои право на повлекување, условите, роковите и постапките за остварување на тоа право се во согласност со образецот за повлекување;
з) доколку е применливо, информацијата дека потрошувачот треба да го сноси трошокот за враќање на стоките во случај на повлекување и во случај на договори на далечина ако стоките по своја природа не можат нормално да бидат вратени по пошта;
ѕ) дека, доколку потрошувачот го остварува правото на повлекување по поднесувањето на барање во согласност со членовите 87 или 88 од овој закон тој
е одговорен да му плати на потрошувачот разумни трошоци, во согласност со членот 94 став (3) од овој закон;
и) ако не е предвидено право на повлекување во согласност со членот 96 од овој закон, информацијата дека потрошувачот нема да има корист од правото на повлекување или доколку е применливо, околностите под кои потрошувачот го губи правото на повлекување;
ј) потсетник дека постои законска гаранција за сообразност на стоките;
к) доколку е применливо, постоењето и условите за постпродажна помош на потрошувачот, постпродажни услуги и трговски гаранции и
л) постоење на релевантни кодекси на однесување.
Формални барања за договорите склучени надвор од деловните простории
(1) Во однос на договорите склучени надвор од деловните простории трговецот му обезбедува на потрошувачот информации наведени во членот 86 став (1) од овој закон, на хартија или доколку потрошувачот се согласува, на друг траен носач. Овие информации треба да бидат читливи и презентирани со едноставни и разбирливи зборови.
(2) Трговецот му обезбедува на потрошувачот копија на потпишаниот договор или потврда на договорот на хартија или доколку потрошувачот се согласува, на друг траен носач вклучувајќи ја, доколку е применливо потврдата на претходно изречената согласност и прифаќањето на потрошувачот во согласност со членот 96 точка к) од овој закон.
(3) Доколку потрошувачот сака вршењето на услугата или испораката на вода, гас или електрична енергија, кои не се нудат во продажба во ограничен обем или во одредена количина, или централно греење да започне во текот на рокот за повлекување превиден во членот 89 став (1) од овој закон, трговецот бара потрошувачот да поднесе јасно барање на траен носач.
(4) За договорите склучени надвор од деловните простории во кои потрошувачот јасно ги побарал услугите од трговецот со цел извршување на работите за поправка или одржување и врз основа на кои трговецот и потрошувачот договорните обврски ги извршуваат веднаш, а износот на товарот на потрошувачот не надминува 200 евра во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на Република Македонија утврден на денот на исплатата.
а) трговецот му обезбедува на потрошувачот информации како што е наведено во член 86 став (1) точки б) и в) од овој закон и информации во однос на цената или начинот на пресметување на цената, заедно со процена на вкупната цена, на хартија или доколку потрошувачот се согласува, на друг траен носач. Трговецот обезбедува информации како што е наведено во членот 86 став (1) точки а), ж) и и) од овој закон, но може да избере да не ги доставува на хартија или на друг траен носач, доколку потрошувачот јасно се согласува со тоа и
б) потврдата на договорот обезбедена во согласност со ставот (2) на овој член содржи информации како што е наведено во членот 86 став (1) од овој закон.
Формални барања за договорите на далечина
(1) Во однос на договорите на далечина трговецот обезбедува или става на располагање на потрошувачот информации наведени во членот 86 став (1) од овој закон, на начин соодветен на средството за комуникација на далечина на јасен и разбирлив јазик до степен во кој овие информации се доставени на траен носач на податоци, тие треба да бидат читливи.
(2) Доколку договор на далечина кој што треба да биде склучен со електронски средства му ја наметнува на потрошувачот обврската да плати, трговецот јасно и очигледно му ги соопштува информациите како што е наведено во членот 86 став
(1) точки а) и д) од овој закон, непосредно пред потрошувачот да ја направи својата нарачка.
(3)Трговецот гарантира дека, во моментот кога ја прави нарачката, потрошувачот јасно признава дека нарачката ја наметнува обврската за плаќање. Доколку праќањето на нарачката подразбира активирање на копче или слична функција, копчето или сличната функција треба да бидат лесно читливи означени само со зборовите: „нарачка со обврска за плаќање“ или соодветна недвосмислена формулација која покажува дека праќањето на нарачката ја наметнува обврската за плаќање на трговецот.
(4) Доколку трговецот не ги почитува одредбите од ставот (3) на овој член, потрошувачот не е обврзан со договорот или нарачката.
(5) На веб страниците за тргување треба да се прикажат на јасен и читлив начин, најдоцна до почетокот на процесот на нарачување, дали се применуваат ограничувања во однос на испораката и кои средства за плаќање се прифатени.
(6) Доколку договорот е склучен преку средство за комуникација на далечина кое овозможува ограничен простор или време за прикажување на информациите, трговецот ги обезбедува, на тој траен носач и пред склучувањето на договорот, барем преддоговорните информации во поглед на главните карактеристики на стоките или услугите, идентитетот на трговецот, вкупната цена, правото на повлекување, времетраењето на договорот и во случај на договори на неопределено време, условите за раскинување на договорот, во согласност со членот 86 став (1) точки а), б), д) и ж) од овој закон. Другите информации наведени во членот 88 став (1) точка а) од овој закон, треба да се обезбедени од страна на трговецот на соодветен начин во согласност со ставот (1) на овој член.
(7) Без да е во спротивност со ставот (6) на овој член, доколку трговецот му телефонира на потрошувачот со цел да се склучи договор на далечина, на почетокот на разговорот со потрошувачот тој треба да го открие својот идентитет и, доколку е применливо, идентитетот на лицето во чие име телефонира, како и трговската цел на повикот.
(8) Кога договор на далечина треба да се склучи преку телефон, трговецот треба да ја потврди понудата на потрошувачот, кој е обврзан само по потпишувањето на понудата или по испраќање на своја писмена согласност. Потврдата треба да биде на траен носач.
(9) Трговецот му обезбедува на потрошувачот потврда за договорот склучен на траен носач, во разумен рок по склучувањето на договорот на далечина и најдоцна во моментот на испорака на стоките или пред да започне извршувањето на услугата, која ги вклучува:
а) сите информации наведени во членот 86 став (1) од овој закон, освен ако трговецот веќе ја доставил информацијата на потрошувачот на траен носач пред склучувањето на договорот на далечина и
б) доколку е применливо, потврдата за претходно изречена согласност и прифаќањето на потрошувачот во согласност со членот 96 точка к) од овој закон.
(10) Доколку потрошувачот сака вршењето на услугата или испораката на вода, гас или електрична енергија, кои не се нудат во продажба во ограничен обем или во одредена количина, или централно греење да започне во текот на рокот за повлекување превиден во членот 89 став (1) од овој закон, трговецот бара потрошувачот да поднесе јасно барање.
(11) Одредбите на ставовите (1), (2), (3), (4), (5), (6), (7), (8), (9) и (10) на овој член не се применуваат на договорите склучени по електронски пат и праќањето на нарачки по електронски пат.
Право на повлекување
(1) Освен кај исклучоците на правото на повлекување од договорите од членот 96 од овој закон, потрошувачот располага со период од 14 дена за повлекување од договор на далечина или договор склучен надвор од деловните простории без да даде каква било причина и без да сноси трошоци различни од оние предвидени во членот 93 став (2) и во членот 94 од овој закон.
(2) Повлекувањето од договор на далечина или договор склучен надвор од деловните простории на трговецот, потрошувачот го спроведува со пополнување на Образец.
(3) Формата и содржината на Образецот за повлекување од ставот (2) на овој член, ја пропишува министерот за економија.
(4) Без оглед на роковите утврдени во член 90 од овој закон роковите за информирање кои произлегуваат од обврската за информирање во однос на правото за повлекување од ставот (1) на овој член истекува по 14 дена во случај:
а) на договори за услуги, од денот на склучувањето на договорот;
б) на договори за продажба, од денот на кој потрошувачот или трето лице, освен превозникот, а наведено од страна на потрошувачот, физички ја стекнува стоката или:
- во случај на повеќе порачани стоки од страна на потрошувачот преку една нарачка, а му се испорачуваат одделно, од денот на кој потрошувачот или трето лице, освен превозникот, а наведено од страна на потрошувачот, физички ја стекнува последната стока;
- во случај на испорака на стока составена од повеќе пратки или парчиња, од денот на кој потрошувачот или трето лице, освен превозникот, а наведено од страна на потрошувачот, физички ја стекнува последната пратка или парче;
- во случај на договори за редовна испорака на стоки во текот на одреден временски период, од денот на кој потрошувачот или трето лице, освен превозникот, а наведено од страна на потрошувачот, физички ја стекнува првата стока и
в) на договори за испорака на вода, гас и електрична енергија, кога не се нудат за продажба во ограничен обем или одреден квалитет, централно греење или дигитална содржина која не се испорачува на материјален траен носач, од денот на склучувањето на договорот.
Изоставување на обврската за информирање
во однос на правото за повлекување
(1) Доколку во случај на непочитување на одредбата на членот 86 став (1) точка ж) од овој закон, трговецот не му ги обезбедува на потрошувачот информациите во однос на правото на повлекување, рокот за повлекување истекува 12 месеци по завршувањето на почетниот рок за повлекување, како што
е утврдено во согласност со членот 89 став (1) од овој закон.
(2) Доколку трговецот му ги обезбедува на потрошувачот информациите како што е наведено во ставот (1) на овој член во рок од 12 месеци од датумот наведен во член 89 став (1) од овој закон, рокот за повлекување истекува 14 дена по денот на кој потрошувачот ги добива информациите.
Остварување на правото на повлекување
(1) Пред истекот на рокот за повлекување, потрошувачот го информира трговецот за својата одлука за остварување на правото за повлекување од договорот. За таа цел потрошувачот може:
а) да го користи како примерок образецот за повлекување од членот 89 од овој закон или
б) да поднесе каква било друга недвосмислена изјава за својата одлука да се повлече од договорот.
(2) Потрошувачот го остварува своето право на повлекување во рамките на рокот за повлекување од членот 89 став (1) од овој закон и во членот 90 од овој закон, доколку комуникацијата во однос на остварувањето на правото на повлекување е испратена од страна на потрошувачот пред истекот на рокот за повлекување.
(3) Трговецот, освен начините за информирање од ставот (1) на овој член, може да му понуди на потрошувачот опција да го пополни и по електронски пат испрати примерокот од образец за повлекување, или каква било друга недвосмислена изјава за веб страницата на трговецот. Во тие случаи трговецот веднаш го известува потрошувачот за потврдата за прием на повлекувањето на траен носач.
(4) Товарот на докажување во однос на остварувањето на правото на повлекување во согласност со ставовите (1), (2) и (3) на овој член е на потрошувачот.
Ефекти од повлекувањето
Остварувањето на правото на повлекување става крај на обврските на страните да го извршат договорот на далечина или договорот склучен надвор од деловните простории или да склучат договор на далечина или договор склучен надвор од деловните простории во случаите кога една понуда е направена од страна на потрошувачот.
Обврски на трговецот во случај на повлекување
(1) Трговецот ги надоместува сите плаќања примени од страна на потрошувачот, евентуално вклучувајќи ги трошоците за испорака, без непотребно одлагање, а во секој случај во рок од 14 дена од денот кога е известен за одлуката на потрошувачот да се повлече од договорот во согласност со членот 91 од овој закон.
(2) Трговецот го врши враќањето на парите од ставот (1) на овој член, користејќи го истото средство за плаќање кое го користи потрошувачот за првична трансакција, освен ако потрошувачот јасно договорил поинаку и под услов да не сноси никаков трошок како резултат на враќањето на парите.
(3) Без оглед на одредбите од ставот (1) на овој член, трговецот не е должен да ги надомести дополнителните трошоци, кога потрошувачот јасно се определил за еден вид испорака освен најевтината стандардна испорака понудена од страна на трговецот.
(4) Освен ако трговецот понудил сам да ги повлече стоките, во однос на договорите за продажба, трговецот може да се воздржи од враќањето на парите додека не ги прими стоките или додека потрошувачот не достави доказ дека ги вратил стоките.
Обврски на потрошувачот во случај на повлекување
(1) Освен ако трговецот понудил сам да ги повлече стоките, потрошувачот ги враќа стоките или му ги предава на трговецот или на трето лице овластено од страна на трговецот да ги прими стоките, без непотребно одлагање, а во секој случај во рок од 14 дена од денот на кој го известил трговецот за својата одлука за повлекување од договорот во согласност со членот 91 од овој закон. Крајниот рок е исполнет, доколку потрошувачот ги врати стоките пред истекот на рокот од 14 дена.
(2) Потрошувачот сноси само директен трошок за враќање на стоките, освен ако трговецот се согласил сам да го сноси или не го известил потрошувачот дека тој трошок е на товар на потрошувачот.
(3) Во случај на договори склучени надвор од деловните простории каде што стоките се испорачани до домот на потрошувачот во моментот на склучување на договорот, трговецот ги враќа стоките на свој трошок, доколку стоките по своја природа, не може нормално да се вратат по пошта.
(4) Потрошувачот е одговорен само за намалувањето на вредноста на стоките како резултат од управување со стоките различно од она што е потребно за утврдување на природата, карактеристиките и функционалноста на стоките. Потрошувачот не е во никој случај одговорен за намалувањето на вредноста на стоките доколку трговецот не го известил потрошувачот за неговото право на повлекување во согласност со членот 86 став (1) точка ж) од овој закон.
(5) Кога потрошувачот го остварува своето право на повлекување по доставувањето на барање во согласност со членот 87 став (3) или членот 88 став
(8) од овој закон, потрошувачот му плаќа на трговецот износ пропорционален на она што е обезбедено до моментот кога потрошувачот го информира трговецот за остварувањето на правото на повлекување, во однос на сите заеми предвидени со
договорот. Пропорционалниот износ што потрошувачот треба да го плати на трговецот се пресметува врз основа на вкупната цена утврдена во договорот. Доколку таа вкупна цена е преголема, пропорционалниот износ се пресметува врз основа на пазарната вредност на она што е предвидено.
(6) Потрошувачот не сноси трошоци за:
а) извршување услуги или испорака на вода, гас или електрична енергија, кога несе нудат за продажба во ограничен обем или одреден квалитет, или централно греење во целост или делумно, во текот на рокот за повлекување, кога:
трговецот не обезбедува информации во согласност со членот 86 став (1) точкиж) и ѕ) од овој закон или
потрошувачот не побарал јасно извршувањето да започне во текот на рокот за повлекување во согласност со членот 87 став (3) и членот 88 став (8) од овој закон или
б) обезбедувањето, во целост или делумно, на дигиталната содржина која не се испорачува на материјален траен носач кога:
потрошувачот не дал своја претходна јасна согласност околу почетокот на извршувањето пред крајот на рокот од 14 дена како што е наведено во членот 89 од овој закон;
потрошувачот не признава дека тој го изгубил правот на повлекување кога ја изразил својата согласност или
трговецот не доставил потврда во согласност со членот 87 став (2) од овој закон или член 88 став (7) од овој закон.
(7) Освен како што е предвидено во членот 92 став (2) од овој закон и во одредбите од ставовите (1), (2), (3), (4), (5) и (6) на овој член, остварувањето на правото на повлекување не наметнува никаква одговорност за потрошувачот.
Ефекти од остварувањето на правото на повлекување на дополнителните договори
Во однос на кредитните договори за потрошувачите, доколку потрошувачот го оствари своето право на повлекување од еден договор на далечина или договор склучен надвор од деловните простории во согласност со членовите 89, 90, 91, 92
и 93 од овој закон, сите дополнителни договори автоматски се прекинуваат, без трошоци за потрошувачот, освен оние кои се предвидени со членот 93 став (2) и членот 94 од овој закон.
Исклучоци во однос на правото на повлекување
(1) Правото на повлекување како што е наведено во членовите 89, 90, 91, 92, 93, 94 и 95 од овој закон за договорите на далечина и договорите склучени надвор од деловните простории, не се применува во однос на овие исклучоци:
а) договорите за услуги по целосното извршување на услугата доколку извршувањето е започнато со јасна согласност на потрошувачот и со прифаќање на фактот дека ќе го изгуби правото на повлекување по целосното извршување на договорот од страна на трговецот;
б) набавката на стоки или услуги чија цена зависи од флуктуациите на финансискиот пазар кои што трговецот не е во состојба да ги контролира и кои можат да се појават во текот на рокот за повлекување;
в) набавката на стоки изработени според спецификациите или јасно прилагодени на потрошувачот;
г) набавка на лесно расипливи стоки или со краток рок на траење;
д) набавка на оригинално затворени стоки кои не се погодни за да бидат вратени поради хигиенски причини или заштитата на здравјето и се отворени по испораката;
ѓ) набавка на стоки кои по испораката се по своја природа, нераскинливо измешани со другите стоки;
е) набавката на алкохолни пијалаци, чија цена е договорена во моментот на склучување на договорот за продажба, а чија испорака може да се случи по 30 дена и чија вистинска вредност зависи од флуктуациите на пазарот кои не може да се контролираат од страна на трговецот;
ж) договорите во кои потрошувачот јасно побарал посета од страна на трговецот за целите на извршување на итни поправки или одржување. Доколку во случај на таква посета, трговецот обезбедува услуги во прилог на оние посебно побарани од страна на потрошувачот или стоки освен деловите за размена потребни за извршување на одржувањето или поправките, треба да се примени правото на повлекување на овие дополнителни услуги или стоки;
з) набавка на оригинално затворени аудио и видео снимки или компјутерски софтвер кои се отворени по испораката;
ѕ) набавка на весници, месечни списанија или магазини со исклучок на претплатнички договори за набавка на такви публикации;
и) договори склучени на јавно наддавање;
ј) обезбедување на сместување за цели кои не се од станбена природа, транспортот на стоки, услуги за изнајмување автомобили, угостителски услуги или услуги во врска со активностите во слободно време кога договорот предвидува одреден датум или рок за извршување и
к) испораката на дигитална содржина која не се испорачува преку материјален траен носач, доколку извршувањето е започнато со јасна согласност на потрошувачот и со негово прифаќање на фактот дека го губи правото на повлекување
Глава 5
ДРУГИ ПРАВА НА ПОТРОШУВАЧОТ
Делокруг
(1) Одредбите на членовите 98 и 99 од овој закон се применуваат на договори за продажба.
(2) Одредбите на членовите 98 и 99 од овој закон не се применуваат за договори за снабдување со вода, гас или електрична енергија, кога тие не се нудат за продажба, спакувани во ограничен обем или одредена сума, за централно греење или за дигитални содржини што не се испорачува на траен носач.
(3) Одредбите на членовите 99, 101 и 102 од овој закон се применуваат за договори за продажба и договори за услуги, и за договори за снабдување со вода, гас, електрична енергија, за централното греење или за дигитални содржини.
Испорака
(1) Освен ако страните не се договориле поинаку во однос на времето на испорака, трговецот ја испорачува стоката со пренесување на сопственост или контрола на стоките на потрошувачот без непотребно одлагање, но не подоцна од 30 дена од склучувањето на договорот.
(2) Кога трговецот не ја исполнува обврската да ги достави стоките во рокот договорен со потрошувачот, или во рамките на рокот од ставот (1) на овој член, потрошувачот може да бара од него испораката да биде извршена во рок од 15 дена, во согласност со околностите. Ако трговецот не ги испорача стоките во рок од 15 дена, потрошувачот има право да го раскине договорот.
(3) Одредбите на ставот (1) на овој член не се применуваат на договори за продажба, при што, трговецот одбива да ги испорача стоките или кога понудата во рамките на договорениот рок на испорака е од суштинско значење, имајќи ги предвид сите околности при склучувањето на договорот, или кога потрошувачот го известил трговецот пред склучувањето на договорот, дека е од суштинско значење испораката да биде направена на одреден датум или најдоцна до одреден датум. Во тие случаи, ако трговецот не ги испорача стоките во договорениот со потрошувачот рок или во рамките на рокот од ставот (1) на овој член, потрошувачот има право веднаш да го раскине договорот.
(4) При раскинување на договорот трговецот е должен да ги врати без непотребно одлагање сите износи платени согласно со договорот.
(5) Во прилог на раскинувањето на договорот во согласност со став (2) од овој член потрошувачот може да искористи други средства за заштита, предвидени во Законот за облигациони односи.
Такси за користење на средства
за плаќање
Трговците не може да им наметнат на потрошувачите во однос на користењето на одредени инструменти за плаќање, такси кои ги надминуваат оние кои ги сносува трговецот за користење на таквите инструменти.
Пренос на ризикот
Во договорите во кои трговецот ги испраќа стоките до потрошувачот, ризикот од губење или оштетување на стоките преминува на потрошувачот кога тој, или трето лице од него назначено и кое не е превозник, стекнува физичко поседување на стоките. Сепак, ризикот се пренесува на потрошувачот во моментот на испорака до превозникот, доколку потрошувачот му наложил на превозникот транспорт на стоки и избраниот превозник не е предложен од страна на трговецот, без да се нарушат правата на потрошувачот во однос на превозникот.
Телефонска комуникација
(1) Кога трговецот користи телефонска линија со цел да биде контактиран од страна на потрошувачот по телефон во однос на склучениот договор, потрошувачот не е обврзан да плати повеќе од основната стапка кога контактира со трговецот.
(2) Одредбата од ставот (1) на овој член не влијае на правото на операторите на телекомуникациските услуги да утврдат цена за телефонските услуги.
Дополнителни плаќања
Пред потрошувачот да биде обврзан со договорот или понудата, трговецот треба да бара јасна согласност на потрошувачот за какво било дополнително плаќање во прилог на надоместокот усогласен за главната договорна обврска на трговецот. Доколку трговецот не добие јасна согласност на потрошувачот, туку дошол до таков заклучок со користење на стандардните опции кои потрошувачот треба да ги одбие за да се избегне дополнителното плаќање, потрошувачот има право на надоместок на тоа плаќање.
Примена
(1) Телата овластени за покренување на постапки може да му предложат на надлежниот инспекторат да покрене постапка пред надлежните судови за престанување на постапување спротивно на одредбите од членовите 84, 85, 86, 87, 88, 89, 90, 91, 92, 93, 94, 95, 96, 97, 98, 99, 100, 101 и 102 од овој закон.
(2) Постапката од ставот (1) на овој член може да се покрене против
трговеците кои постапиле спротивно на одредбите од овој |
закон кои |
се |
однесуваат на договорите кои не се договори на далечина, за |
договорите на |
|
далечина и договори склучени надвор од деловните простории на трговецот. |
|
(3) Одредбите на ставовите (1) и (2) на овој член не ја ограничуваат можноста надлежниот инспекторат да покрене постапка против субјектите кои постапуваат спротивно на овој закон.
Членовите 104,105, 106 и 107 се избришани, види: Закон за изменување на Законот за заштита на потрошувачите, објавен во “Службен весник на РМ“ бр.97/15.
ГЛАВА 4
ПОТРОШУВАЧКИ ДОГОВОР ЗА ВРЕМЕНСКИ ОГРАНИЧЕНО ПРАВО НА КОРИСТЕЊЕ НА ОДРЕДЕНА НЕДВИЖНОСТ- TIME SHARING
Место на примена
Со договорот (Time Sharing) за временски ограничено право на користење на одредена недвижност трговецот се обврзува за период кој не може да биде покус од три години на потрошувачот да му обезбеди право на користење на една, односно
повеќе точно одредени недвижности или на еден, односно повеќе делови од точно определени недвижности, во одредени договорени временски периоди во текот на една година или за целото време на траење на договорот, на начин определен во договорот, а потрошувачот се обврзува да му исплати определен надомест.
Договорот од ставот 1 на овој член се склучува во писмена форма.
За да биде полноважен договорот од ставот 1 на овој член мора да биде напишан на службен јазик на државата во која што потрошувачот има место на живеење или престој, односно според изборот на потрошувачот, службениот јазик на државата чијшто е државјанин, односно на службениот јазик на државата на чиешто подрачје се наоѓа недвижноста.
Еден примерок од договорот мора да му биде врачен на потрошувачот.
Упис на временски ограничено право
на недвижноста
Лицето кое со договорот од членот 108 на овој закон ќе стекне право за временски ограничено користење на недвижноста е овластен, доколку недвижноста се наоѓа на територијата на Република Македонија, тоа право да го запише во јавната книга за запишување на права на недвижности.
Правото за временски ограничено користење на недвижностите не може да му се спротивстави на правото на оној што во добра верба потпирајќи се на јавните книги за запишување на права на недвижности, го запишал своето право на недвижноста додека сé уште правото за временски ограничено користење на недвижностите не било запишано од некој друг.
На уписот на временски ограниченото право на користење на недвижност аналогно се применуваат одредбите за упис на правото на користење врз основа на договор за закуп.
Претходно известување
Трговецот е должен на секое лице кое бара известување за временски ограничено право на користење на недвижноста да достави писмено известување кое, покрај описот на недвижноста, содржи најмалку кусо и точно известување за податоци за суштествените елементи на договорот предвидени со овој закон како за изградени, така и за објекти во градба.
Известувањето од ставот 1 на овој член мора да биде напишано на службениот јазик на државата во која потрошувачот има место на живеење или престој, односно според изборот на потрошувачот, на службениот јазик на државата чиј е државјанин, односно на службениот јазик на државата на чие подрачје се наоѓа недвижноста.
Во секој оглас кој се однесува на договорот за правото за временски ограничено користење на недвижноста, мора да се наведе можноста за добивање на претходно известување, како и местото на кое тоа известување може да се добие.
Содржина на преддоговорот, односно договорот
Преддоговорот, како и договорот за правото за временски ограничено користење на недвижности, треба да содржи:
име или назив, место на живеење или седиштето на странките;
основот врз кој трговецот е овластен да располага со недвижности на начин предвиден со членот 108 став 1 на овој закон;
овластувањата кои ги има потрошувачот врз основа на правото за временски ограниченото користење на недвижностите;
претпоставки кои според важечкото право, треба да бидат исполнети за да се стекне правото на временски ограничено користење на недвижноста, како и известување за тоа дали тие претпоставки се веќе исполнети, односно доколку не се, кои се претпоставките кои уште треба да бидат исполнети;
точен опис на недвижноста и нејзината локација;
состојбата на довршеноста на одделни комунални услуги, како на пример, електрична енергија, вода, одржување, телефон, одвод на смет, кои му стојат на располагање на потрошувачот, како и условите под кои тие услуги може да ги користи;
заедничките простории, како на пример, подрумски и тавански простории, базен или сауна, кои потрошувачот има право да ги користи, односно условите под кои има право да ги користи заедничките простории;
правилата за одржување и користење на недвижноста;
точен временски период во кој потрошувачот може да ги користи недвижностите, односно датата од кога потрошувачот може да почне да ги користи недвижностите;
договорената цена, во рамките на трошоците за користење на заедничките простории и комуналните услуги, податоците за пресметаните трошоци сврзани за користење на недвижноста, задолжителните законски давачки, износот на трошоците за одржување на недвижноста и нејзино управување;
одредба со која трговецот изјавува дека користењето не е поврзано со какви било други трошоци освен оние наведени во договорот;
одредба за тоа дали е дозволено да се замени или продаде правото за временски ограниченото користење на недвижноста, како и одредба за трошоците во случај на замена или продажба на тоа право што го прави трговецот, односно лицето кое тој со договорот го овластил за тоа;
известување за правото на потрошувачот за еднострано раскинување на договорот, начинот на раскинувањето, односно рокот за раскинување, лицето на коешто писменото известување за раскинувањето треба да се испрати, односно износот на трошоците коишто потрошувачот во случај на раскинувањето на договорот ќе биде должен да ги плати;
начинот на раскинувањето на договорот за заем склучен во врска со договорот за правото за временски ограниченото користење на недвижноста и
датум и место на потпишувањето на договорот за секоја договорна страна.
Ако во времето на склучувањето на преддоговорот, односно договорот на недвижноста сé уште не е изградена зградата, покрај податоците наведени во ставот 1 на овој член преддоговорот, односно договорот за правото на временски ограниченото користење на недвижноста, мора да го содржи и следново:
степен на довршеност на градбата;
разумна процена на рокот за извршување на изградба на зградата;
број на градежната дозвола, односно назив и адреса на органот кој ја издал;
состојба на довршената електрична, водоводна, телефонска и телекомуникациска мрежа и
гаранција дека зградата ќе биде изградена на време, како и гаранција со која трговецот се обврзува во случај зградата да не биде изградена на време, на потрошувачот да му го врати износот кој врз основа на договорот го платил, како
и условите под кои тие гаранции може да се остварат.
Влијание за претходно известување на договорот
Податоците наведени во претходното известување претставуваат дел од договорот, освен ако страните со договорот изрично се спогодиле дека ќе отстапуваат од податоците од претходното известување.
Освен ако страните се договориле спротивно, податоците дадени во претходното известување со договорот може да бидат изменети само ако тие измени се резултат на околностите на коишто трговецот не можел да влијае.
Трговецот е должен пред склучувањето на договорот да го извести потрошувачот за измената на кој било податок наведен во претходното известување и во договорот мора да бидат наведени тие измени.
Право на потрошувачите на еднострано раскинување на преддоговорот, односно на договорот
Потрошувачот може, од кои било причини, да го раскине преддоговорот, односно договорот и тоа со писмено известување испратено до лицето наведено во претходното известување, преддоговорот или договорот, и тоа:
а) без наведување на причините, во рок од десет работни дена од денот на склучување на преддоговорот, односно договорот;
б) во рок од три месеца од денот на склучување на преддоговорот, односно договорот, кога договорот или преддоговорот не ги содржат сите податоци пропишани со членот 111 на овој закон;
в) во рок од еден месец од денот на склучувањето на преддоговорот, односно договорот, ако трговецот не му врачил претходно известување со податоци од членот 110 став 1 на овој закон;
г) ако во рок од три месеца сметајќи од денот на склучувањето на преддоговорот, односно договорот, трговецот писмено му ги достави на потрошувачот податоците кои недостасувале во моментот на потпишување на преддоговорот, односно договорот, потрошувачот ако во меѓувреме не го доставил известувањето за раскинувањето, има право да го раскине преддоговорот, односно договорот во рок од десет работни дена сметајќи од денот кога последниот податок којшто недостасувал му е писмено доставен и
д) ако потрошувачот не ги добие податоците кои недостасуваат, во рок од три месеца од склучувањето на преддоговорот, односно договорот, има право да го раскине договорот во рок од десет работни дена од истекот на рокот од три месеца.
Ќе се смета дека известувањето за раскинување е навремено, ако е испратено во рамките на роковите од членот 113 став 1 на овој закон.
Во случај на раскинувањето на преддоговорот, односно договорот од членот 113 став 1 точка а) на овој закон, потрошувачот е должен на трговецот да му ги надомести само трошоците за заверка на преддоговорот, односно договорот, ако тоа со договорот е изричито определено.
Во случај на раскинувањето на преддоговорот, односно договорот од членот 113 став 1 точки б) до д) на овој закон, потрошувачот не е должен на трговецот да му надомести какви било трошоци.
Тежина на доказот
Во случај на спор дали е и со која дата на потрошувачот му е доставено претходно известување, преддоговорот, односно договорот, тежината на доказот паѓа на трговецот.
Влијание за еднострано раскинување на договорот за кредит
Ако заради плаќање на цената од договорот за правото на временски ограничената употреба на недвижност, на потрошувачот му е одобрен заем од страна на трговецот или трето лице, кој му го одобрил заемот врз основа на договорот со трговецот, со едностраното раскинување на договорот за правото на временски ограниченото користење на недвижноста се раскинува и договорот за заемот.
Во случаи од ставот 1 на овој член, потрошувачот не е должен да ја плати договорената камата, евентуалната штета или казна, а лицето кое го одобрило кредитот е должно да му го врати на потрошувачот она што од него го добил врз основа на договорот за кредит.
Забрана за плаќање однапред
На трговецот не му е дозволено да бара од потрошувачот какви било плаќања врз основа на потпишаниот преддоговор, односно договор пред истекот на рокот за раскинување на договорот од членот 113 став 1 на овој закон.
ДЕЛ VI
ГЛАВА 1
ЈАВНИ УСЛУГИ КОИ СЕ ДАВААТ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ
Како јавни услуги, во смисла на овој закон, се сметаат продажбата на електричната енергија од дистрибутивната мрежа, топлинската енергија, јавните телекомуникациски услуги, поштенските услуги, услугите за превоз на патниците во јавниот градски и приградски сообраќај, снабдувањето со вода за пиење, одводот на отпадните води и одржувањето на чистотата, како и други услуги определени со закон.
Надоместокот за јавните услуги на потрошувачите, кога според природата на јавната услуга тоа е возможно, мора да се пресметува според потрошувачката во одреден временски период со примена на тарифниот систем во согласност со закон.
Ако надоместокот не е пресметан согласно со одредбите од ставот 2 на овој член, потрошувачот може во рок од 15 дена од приемот на сметката за наплатата на услугите да поднесе писмен приговор до давателот на услугата.
Органите кои одлучуваат за обврските и правата на потрошувачите на јавните услуги можат да основаат советодавни тела во кои ќе бидат вклучени претставници на здруженијата на потрошувачите.
Давателот на услугата е должен во рок од 30 дена од поднесениот приговор да се произнесе по приговорот од ставот 3 на овој член.
Одлуките од ставот 4 на овој член ќе се донесуваат по добивање на мислење од советодавно тело на транспарентен, објективен и недискриминаторски начин.
Трговецот мора да му овозможи на потрошувачот запознавање однапред со сите услови на користењето на јавните услуги и тие услови јавно да ги објави во најмалку два дневни весника.
Приклучување на дистрибутивната мрежа
Трговецот кој ги дава јавните услуги преку дистрибутивна мрежа мора да им овозможи на потрошувачите приклучување и користење на мрежата и услугите под недискриминаторски и однапред познати и договорени услови.
Одржување на стандардите и квалитетот на давањето на јавните услуги
Трговецот е должен да ги одржува стандардите и квалитетот на услугите определени со закон или со друг пропис.
ДЕЛ VII
ФОРМИ НА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ
ГЛАВА 1
ПРОГРАМА ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ
Донесување на програма
За заштита на потрошувачите се донесува програма.
Програмата за заштита на потрошувачите ја донесува Владата на Република Македонија на предлог на министерот за економија за период од две години.
Работите во врска со спроведувањето на политиките за заштита на потрошувачите, односно следењето и евиденцијата за извршените работи од Програмата за заштита на потрошувачите ги спроведува Министерството за економија.
Министерот за економија еднаш годишно ја известува Владата на Република Македонија за спроведувањето на Програмата.
Цели на Програмата
Со Програмата од членот 121 на овој закон се определува:
политиката за заштита на потрошувачите;
мерките и активностите за остварување на политиката за заштита на потрошувачите;
советувањето, едукацијата и информирањето на потрошувачите и
средствата за реализирање на Програмата.
Совет за заштита на потрошувачите
Владата на Република Македонија на предлог на министерот за економија формира Советот за заштита на потрошувачите (во натамошниот текст: Совет).
Советот го сочинуваат 12 члена од претставници на органите на државната управа чии надлежности се поврзани со заштита на потрошувачите, здруженија на потрошувачите и претставник од стопанските комори.
Членовите на Советот имаат право на надомест за учество во работата на Советот.
Висината на надоместокот од ставот 4 на овој член ја определува Владата на Република Македонија.
Средствата за реализација на Програмата за заштита на потрошувачите се обезбедуваат од средствата на Буџетот на Република Македонија.
Советот се грижи за заштита и остварување на правата на потрошувачите во однос на заштитата на здравјето, безбедноста, економските интереси и за нивното редовно информирање во остварувањето на нивните права.
Советот ја проучува постојната правна регулатива и предлага соодветни измени во областа на правната заштита на потрошувачите.
Советот предлага преземање соодветни мерки за заштита на здравјето, безбедноста и економските интереси на потрошувачите.
Советот ја оценува состојбата на пазарот во поглед на степенот на заштитата на потрошувачите.
Советот води посебна грижа за заштита на потрошувачите, малолетниците, старите и изнемоштени лица, социјално загрозените лица, неписмените, емигрантите и лицата чии живеалишта се наоѓаат во тешко пристапни предели.
Советот ја следи реализацијата на програмата за заштита на потрошувачите и и предлага на Владата на Република Македонија мерки за нејзино остварување.
Со Советот раководи претседател на Советот. Претседателот на Советот го избираат членовите на Советот. Работата на Советот е јавна.
Советот за својата работа донесува деловник. Мандатот на членовите на Советот е четири години.
Заштита на потрошувачите на ниво на општината, односно Градот Скопје
Заштитата на потрошувачите на општината, односно на градот Скопје се обезбедува преку совет за заштита на потрошувачите на општината, односно градот Скопје.
Советите за заштита на потрошувачите од ставот 1 на овој член се конституираат како постојани работни тела на советите на општините, односно градот Скопје.
Членовите на советите за заштита на потрошувачите на општините, односно градот Скопје се избираат од редовите на советниците, здруженијата на потрошувачи и од други здруженија на граѓани, јавните претпријатија, стопанските комори и од државните органи на инспекцискиот надзор кои имаат надлежности поврзани со заштита на потрошувачите.
Советите за заштита на потрошувачите предлагаат локални двегодишни програми за заштита на потрошувачите, во согласност со Програмата за заштита на потрошувачите на Владата, кои ги усвојуваат советите на општините, односно градот Скопје.
Советите за заштита на потрошувачите во единиците на локалната самоуправа остваруваат редовни контакти и соработка со Советот за заштита на потрошувачите на Владата на Република Македонија.
Единиците на локалната самоуправа во рамките на своите буџети можат да планираат средства за поддршка на потрошувачките организации кои дејствуваат на локално ниво.
ГЛАВА 2
ЗДРУЖЕНИЈА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ
Формирање на здруженија на потрошувачите
Здруженијата на потрошувачите ги формираат потрошувачите заради остварување и заштита на своите права.
Работа на здруженијата на потрошувачите
Здруженијата на потрошувачите имаат право да:
иницираат донесување на нова и измени во постојната законска регулатива;
бидат информирани за подготвувањето и да даваат мислења по предлози на законите и други подзаконски акти кои се релевантни за заштита на потрошувачите;
иницираат расправи пред Советот на потрошувачите на Владата на Република Македонија и советите за заштита на потрошувачите во единиците на локалната самоуправа и заинтересираните страни по прашања кои се однесуваат на интересите на потрошувачите;
соработуваат и разменуваат информации со надлежните инспекциски органи
и други органи на државната управа и локалната самоуправа по прашања кои се однесуваат на заштитата на потрошувачите;
работат во домените на информирање и советување на потрошувачите преку организирање на советодавни бироа;
работат на превенција и едукација на потрошувачите и подигањето на потрошувачката свест и култура;
учествуваат во креирање и имплементација на програмите за заштита на потрошувачите на Владата на Република Македонија;
ги разгледуваат жалбите на потрошувачите непосредно или во соработка со надлежните инспекциски и други органи на државната управа кои имаат надлежности поврзани со заштитата на потрошувачите и се консултираат со потрошувачите по прашањата од законодавството за заштита на потрошувачите;
посредуваат меѓу потрошувачите и трговците на стоки и давателите на услуги со цел за решавање на спорови;
им помагаат на потрошувачите или на одреден круг потрошувачи при поднесувањето тужби до надлежните судови за заштита на нивните права и
можат да ги застапуваат интересите на потрошувачите во колективни спорови пред надлежните судови.
За реализација на активностите од ставот 1 алинеи 5 и 6 на овој член на здруженијата на потрошувачите им се обезбедува финансиска поддршка.
Средствата од ставот 2 на овој член ги доделува Министерството за економија врз основа на претходно распишан оглас и изготвени програми (проекти) од здруженијата на потрошувачите.
За доделување на средствата од ставот 3 на овој член Министерството за економија формира комисија.
Превентивна заштита на потрошувачите
Превентивната заштита на потрошувачите, здруженијата на потрошувачите ја спроведуваат со известување и совети, односно со едукација на потрошувачите.
Програмите за предучилишните установи, училишните програми на основното и средното образование треба да содржат и основни знаења за обврските, правата и заштита на потрошувачите.
Дел VIII
НАДЗОР
Надзор над спроведувањето на овој закон врши Министерството за економија. Инспекциски надзор на спроведувањето на одредбите од овој закон врши
Државниот пазарен инспекторат Дирекција за храна и Управа за ветеринарство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина преку инспектори (во понатамошниот текст: инспектор), во согласност со овластувањата утврдени со закон.
Инспекцискиот надзор за спроведувањето на овој закон го вршат државните инспектори или овластени лица за вршење на непосреден надзор согласно со закон.
Државните инспектори или овластени лица за вршење на непосреден надзор
се должни да му укажат на трговецот да ги отстрани утврдените недостатоци во рок од пет работни дена ако утврдат дека:
1) не му ја даде наградата на потрошувачот веднаш или најдоцна во рок од осум дена од купувањето на производот и давањето на услугата, доколку истата ја ветил дека ќе ја добие со купувањето на производот или со давањето на услугата (член 7 став 1);
2) организира наградна игра и не му ја даде ветената награда на потрошувачот во рок од осум дена од завршувањето на наградната игра (член 7 став 2);
3) на потрошувачот не му издаде фискална сметка, односно јасно видлива и читливо напишано сметкопотврда или фактура (член 20 став 1);
4) не издаде гаранција за квалитетот, односно за исправното функционирање на производот, документ за начинот на употреба на производот не обезбеди сервис за одржување и поправка и снабдување со резервни делови во гарантниот рок и најмалку за пет години од денот на производството на производот, но не помалку од две години од денот на истекот на гаранцијата на производот и рок во кој давателот на гаранцијата е должен да постапи по барањето на корисникот на гаранцијата и да ги отстрани дефектите и недостатоците на производот кои не ги исполнуваат спецификациите наведени во гаранцијата или неисправниот производ, по три извршени сервисирања да го замени со ист таков нов и исправен производ или да му го врати на потрошувачот платениот износ на купениот производ (член 22 ставови 1 и 3 алинеја 5);
5) пушти во продажба производи кои немаат декларации или ако декларацијата не ги содржи сите податоци пропишани во членот 23 ставови 1, 2, 3, 4 и 5 на овој закон;
6) не го удоволи барањето на потрошувачот поднесено во смисла на членот 43 на овој закон и
7) не постапи по барањето на потрошувачот во случаите од членовите 45 став 2, 46 став 2, 48 ставови 1 и 2 и 50 на овој закон.
Доколку трговецот не постапи по укажувањето од ставот 1 на овој член државните инспектори или овластените лица за вршење на непосреден надзор ќе донесат решение за привремена забрана на вршење на дејност во траење од седум работни дена за трговец - физичко лице, или во траење од 15 работни дена за трговец - правно лице.
Против решението од ставот 2 на овој член може да се изјави жалба во рок од осум дена до Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.
Жалбата изјавена против решението од ставот 2 на овој член не го одлага неговото извршување.
При инспекцискиот надзор инспекторот со решение ќе му забрани на правното и физичкото лице рекламирање за коешто постои сомнение дека е заведувачко, односно недозволено споредбено рекламирање (член 27).
Против решението од ставот 1 на овој член може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.
Жалбата изјавена против решението од ставот 1 на овој член не го одлага неговото извршување.
Членот 133 е ришан, види: Закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите објавен во “Службен весник на РМ“ бр.24/11.
Државните инспектори или овластени лица за вршење на непосреден надзор се должни да му укажат на трговецот да ги отстрани утврдените недостатоци во рок од пет работни дена, ако утврдат дека:
1) потрошувачот не биде известен за влијанието на одредени производи врз животната средина и здравјето на луѓето согласно со прописите и стандардите, како и за мерките за заштита преку упатство дадено со производот истакнато на амбалажата на производот или на друг соодветен начин (член 5 став 1 алинеја 2);
2) нуди бесплатно вештачки млека и друга храна наменета за доенчиња до шест месечна возраст, шишиња и цуцли и цуцли лажалки (член 17 став 2);
3) пушти во промет производи, односно дава услуги што не ги исполнуваат условите од членовите 32 и 33 на овој закон и
4) во рамките на своето редовно работење не дава информации за ризиците на производот во текот на нормален и разумно предвидлив период на употреба каде што таквите ризици не се очигледни и не преземе мерки на претпазливост од тие ризици и не соработува при спроведувањето на дејствијата преземени за избегнување на таквите ризици (член 35 став 1).
Доколку трговецот не постапи по укажувањето од ставот 1 на овој член државните инспектори или овластените лица за вршење на непосреден надзор ќе донесат решение за привремена забрана за вршење на дејност во траење од седум работни дена за трговец - физичко лице, или во траење од 15 работни дена за трговец - правно лице.
Во случаите од ставот 1 на овој член инспекторот привремено ќе ги одземе производите.
За одземените производи од ставот 1 на овој член инспекторот ќе издаде потврда за привремено одземените производи.
Против решението од ставот 2 на овој член може да се изјави жалба во рок од осум дена до Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.
Жалбата изјавена против решението од ставот 2 на овој член не го одлага неговото извршување.
Прекршочни органи за водење на прекршочна постапка согласно со овој закон се Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за земјоделство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина и Агенција за храна и ветеринарство кои одлучуваат за прекршоците од овој закон во рамките на своите овластувања предвидени со закон.
За прекршоците утврдени во членот 137 став 1 точки 1, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 11, 12, 13, 14, 15, 16, 17, 18, 19 и 21 и членот 138 од овој закон прекршочна постапка води и прекршочни санкции изрекува Државниот пазарен инспекторат.
За прекршоците утврдени во членот 137 став 1 точки 2, 3, 5, 10, 11, 13, 14, 15 и 16 од овој закон прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува Државниот инспекторат за земјоделство.
За прекршоците утврдени во членот 137 став 1 точки 2, 10, 13, 14 и 15 од овој закон прекршочна постапка води и прекршочни санкции изрекува Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
За прекршоците утврдени во членот 137 став 1 точки 2, 14 и 15 од овој закон прекршочна постапка води и прекршочни санкции изрекува Државниот инспекторат за животна средина.
За прекршоците утврдени во членот 137 став 1 точки 2, 10, 13, 14 и 16 од овој закон прекршочна постапка води и прекршочни санкции изрекува Агенцијата за храна и ветеринарство.
Дел IX
ПРЕКРШОЧНИ САНКЦИИ
Прекршочни органи
Доколку при вршењето на инспекцискиот надзор државниот инспектор или овластеното лице за вршење на непосреден надзор утврди дека е сторена неправилност од членот 138 на овој закон државниот инспектор или овластеното лице за вршење на непосреден надзор е должен да состави записник во кој ќе ја утврди сторената неправилност со укажување за отстранување на утврдената неправилност во рок од осум дена и со истовремено врачување на покана за спроведување на едукација на лицето или субјектот каде што е утврдена неправилноста при вршењето на инспекцискиот надзор.
Формата и содржината на поканата за едукација, како и начинот на спроведување на едукацијата ги пропишува министерот кој раководи со органот на управата надлежен за вршење на работите од соодветната област.
Едукацијата ја организира и спроведува надлежниот инспекторат, кој го извршил инспекцискиот надзор во рок не подолг од 15 дена од денот на спроведувањето на инспекцискиот надзор.
Едукацијата може да се спроведе за повеќе утврдени исти или истородни неправилности за еден или повеќе субјекти.
Доколку во закажаниот термин лицето или субјектот над кој се спроведува едукација не се јави на едукацијата ќе се смета дека едукацијата не е спроведена.
Доколку лицето или субјектот над кој се спроведува едукацијата се јави на закажаната едукација и истата ја заврши ќе се смета дека е едуциран по однос на утврдената неправилност.
Доколку надлежниот инспекторат или овластеното лице за вршење на непосреден надзор при спроведувањето на контролниот надзор утврди дека се отстранети утврдените неправилности од ставот 1 на овој член, донесува заклучок со кој ја запира постапката на инспекцискиот надзор.
Доколку надлежниот инспекторат или овластеното лице за вршење на непосреден надзор при спроведувањето на контролниот надзор утврди дека не се отстранети утврдените неправилности од ставот 1 на овој член,поднесува барање за поведување на прекршочна постапка пред прекршочна комисија формирана согласно со Законот за Државниот пазарен инспекторат.
Надлежниот инспекторат, кој го извршил инспекцискиот надзор и кој ја организирал и спровел едукацијата, води евиденција за спроведената едукација на начин пропишан од министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од соодветната област.
Надлежниот инспекторат, подготвува квартален извештај за својата работа и истиот го објавува на веб страницата на инспекторатот.
Прекршочни санкции
Глоба во износ од 4.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, односно трговец поединец, ако:
1) на барање на потрошувачот не му го врати уплатениот износ за купениот производ и не му го прими вратениот производ од потрошувачот (член 5 став 3);
2) даде лични податоци за потрошувачот на трети лица, како и на правни или физички лица кои дејствуваат внатре во истата група на трговци без претходно писмено одобрение од потрошувачот (член 6 став 5);
3) го условува купувањето на едни производи со купување на други производи или друг начин на условување на купување и продажба на производи (член 6 став
6);
4) не му ја даде наградата на потрошувачот најмалку во рок од осум дена доколку истата ја ветил дека ќе ја добие со купување на производот или со давање на услугата (член 7);
5) не го испорача производот или не ја изврши услугата по приемот на авансот ако бара или изрично го условува купувањето на производот или давањето на услугата со делумен или вкупен еднократен или пресметковен аванс (член 18 став
1);
6) не му пресмета и исплати на потрошувачот просечна каматна стапка по видување која се пресметува како просек од последниот интервал на просечните банкарски стапки по видување објавен од Народната банка на Македонија сметано од денот на приемот на авансот до денот на испораката на производот или извршената услуга (член 18 став 2);
7) на потрошувачот не му признае дека ја извршил паричната обврска на начин определен со членот 19 на овој закон;
8) на потрошувачот не му издаде фискална сметка, односно јасно видлива и читливо напишана сметкопотврда или фактура (член 20 став 1);
9) дополнително го наплати издавањето на сметката од членот 20 став 1 на овој закон (член 20 став 3);
10) при продажба на производите на потрошувачот не му ги предаде или предочи документите (член 21);
11) не издаде гаранција за квалитетот, односно за исправното функционирање на производот, документ за начинот на употреба на производот, не обезбеди сервис за одржување и поправка и за снабдување со резервни делови во гарантниот рок и најмалку за пет години од денот на производството на производот, но не помалку од две години од денот на истекот на гаранцијата на
производот и рок во кој давателот на гаранцијата е должен да постапи по барањето корисникот на гаранцијата и да ги отстрани дефектите и недостатоците на производот и по три извршени сервисирања да го замени со ист таков нов и исправен производ или да му го врати на потрошувачот платениот износ за купениот производ, освен во случај ако недостатокот што се сервисира е минимален, односно не влијае врз квалитетот и перформансите на основната функција на производот (член 22 ставови 1, 2 и 3 алинеја 5);
12) не се придржува на обврските од гарантниот лист (член 22 став 2);
13) не сака да ги сноси трошоците за материјалот, резервните делови, работата, преносот и превозот на производот што настануваат при отстранување на дефектите, односно замената на производот со нов производ врз основа на гаранција (член 22 став 4);
14) документите од членот 22 став 1 на овој закон не се напишани јасно и читливо на македонски јазик и кирилско писмо или и на други јазици и знаци лесно разбирливи за потрошувачот (член 22 став 5);
15) врши заведувачко и недозволено рекламирање на производи или услуги (член 27 став 1);
16) со рекламирањето го навредува човечкото достоинство коешто предизвикува или може да предизвика телесна, душевна или друга штета кај децата, кое на децата им шири пораки и делови од пораки со кои се искористува или злоупотребува или би можела да се злоупотреби нивната лесномисленост и недостаток на искуство (член 27 став 3);
17) при споредбеното рекламирање постапува спротивно на одредбите наведени во членот 29 на овој закон;
18) во рамките на своето редовно работење не дава информации за ризиците на производот и не соработува при спроведувањето на дејствија преземени за избегнување на таквите ризици (член 35);
19) на потрошувачот нема да му даде производ, односно не му дава услуга од таков квалитет и квантитет кој целосно одговара на утврдените технички барања
и прописи, на пропишаните стандарди, нормативи и услови предвидени со договорот, барањата што биле истакнати, како и на информациите што трговецот ги дал за производот или услугата (член 36);
20) пушти во промет производи со недостатоци (член 42 ставови 1 и 2);
21) не изврши замена на производот со соодветен производ со иста трговска марка, тип, индустриски дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот (член 43 став 1 алинеја 3);
22) не изврши замена на производот со соодветен производ со друга трговска марка, тип, индустриски дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот со соодветно намалување или зголемување на производната цена (член 43 став 1 алинеја 4);
23) при раскинување на договорот не го врати платениот износ и не ја надомести претрпената штета (член 43 став 1 алинеја 5);
24) не постапи по барањето на потрошувачот во случаите од членот 45 став 2, членот 46 став 2, членот 48 ставови 1 и 2 и членот 50 на овој закон;
25) при ревизија на цената не постапи во смисла на одредбите од членот 49 ставови 2 и 3 на овој закон;
26) налага договорни одредби кои се како нечесни наведени во членовите од 54 до 77 и 79 на овој закон;
27) на потрошувачот не му ги даде информациите од членот 85 од овој закон за договорите кои не се договори на далечина или договори склучени надвор од деловните простории;
28) на потрошувачот не му ги даде информациите од членот 86 од овој закон за договорите на далечина и договори склучени надвор од деловните простории.
29) на потрошувачот не му ги даде информациите на хартија или на друг траен насач на јасен и разбирлив јазик за потрошувачот (член 87 од овој закон).
30) пред потрошувачот да склучи договор на далечина со обврска да ја плати нарачката трговецот не му ги дал податоците од членот 86 од овој закон непосредно пред потрошувачот да ја направи својата нарачка.
31) на потрошувачот не му го даде известувањето од членот 88 од овој закон на хартија или во согласност со потрошувачот на друг траен медиум и доколку известувањето не е напишано на едноставен и разбирлив јазик за потрошувачот.
32) на потрошувачот не му го даде правото на повлекување од договорот на далечина или договорот склучен надвор од деловните простории на трговецот во рок од 14 дена (член 89 од овој закон).
33) на потрошувачот не му ја даде можноста да го пополни и по електронски пат испрати образецот за повлекување (член 91 од овој закон).
34) на потрошувачот не му ги врати парите, вклучувајќи ги и трошоците за испорака во рок од 14 дена од денот кога е известен за одлуката на потрошувачот да се повлече од договорот (член 93 од овој закон).
35) не достави писмено известување во смисла на членот 110 ставови 1 и 3 од овој закон;
36) содржината на преддоговорот, како и договорот не ги содржи одредбите од членот 111 на овој закон;
37) не го извести потрошувачот за измените на кој било податок наведен во претходното известување (член 112 став 3);
38) при пресметување на надоместокот не постапи во смисла на членот 118 став 2 од овој закон;
39) не им овозможи на сите потрошувачи приклучување и користење на мрежата и услугите под недискриминаторски и однапред познати и договорени услови (член 119) и
40) не ги одржува стандардите и квалитетот на услугите определени со закон или со друг пропис (член 120).
41) преземе активности на нечесно, измамничко и агресивно пазарно однесување (членови 31-а, 31-б, 31-в, 31-г, 31-д и 31-ѓ).
Глоба во износ од 30% од одмерената глоба на правното лице, односно на трговецот поединец ќе му биде изречена на одговорното лице во правното лице,
односно на одговорното лице во трговецот поединец, за дејствијата од ставот 1 на овој член.
За дејствијата од ставот 1 на овој член на правното лице, односно на трговецот поединец ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за вршење одделна дејност во траење до една година.
Покрај глобата од ставот 2 на овој член, на одговорното лице во правното лице ќе се изрече и прекршочна санкција забрана на вршење на одговорна должност во траење од три месеца до една година.
Глоба во износ од 400 до 600 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичкото лице за прекршоците од ставот 1 на овој член.
Глоба во износ од 1.200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, односно на трговецот поединец, ако:
1) пред склучувањето на договорот за продажба не постапи во смисла на одредбите од членот 5 став 1 алинеја 1 на овој закон;
2) потрошувачот не биде известен за влијанието на одредени производи врз животната средина и здравјето на луѓето согласно со прописите и стандардите, како и за мерките за заштита преку упатство дадено со производот истакнато на амбалажата на производот или на друг соодветен начин (член 5 став 1 алинеја 2);
3) посебните продажни услови за одделни производи и услуги не ги истакне јасно и на видно место на продажните места (член 6 став 2);
4) на одделни групи на потрошувачи им одобрува посебни продажни услови (младенци, инвалиди, пензионери, студенти и слично) и тие услови не бидат јасно
и на видно место истакнати во продажниот простор (член 6 став 4);
5) за извршените услуги за поправка и одржување на производите чијашто вредност е поголема од 5.000 денари, не му достави на потрошувачот пресметка и работен налог со опис на работите, употребениот материјал или делови за поправка и одржување (член 6 став 7);
6) без претходно добиена писмена согласност од потрошувачот го прошири работниот налог со зголемување на цената за повеќе од 5% (член 6 став 8);
7) продажната цена не е крајна цена на единица на некој производ или услуга или пак на дадената количина на производот, во која не е вклучен данокот на додадена вредност и сите други јавни давачки (член 8 став 2);
8) постапи спротивно на одредбата од членот 8 став 8 на овој закон;
9) не се придржува на истакнатите продажни цени и условите за продажба (член 8 став 9);
10) производот го продава во амбалажа што е штетна за здравјето на луѓето, не е приспособена на формата и количината на производот и го доведува во заблуда потрошувачот по однос на количината и големината на производот (член
10 став 2);
11) за производите во рефусна состојба не се истакне декларација јасно видливо и читливо на амбалажата во која производот се става за продажба или на продажното место (член 11 став 3);
12) нуди бесплатно или заедно со некој друг производ вештачки млека и друга храна наменета за доенчиња до шест месечна возраст, шишиња и цуцли и цуцли лажалки (член 17 став 2);
13) пушти во продажба производи кои немаат декларации или ако декларацијата не ги содржи сите податоци пропишани во членот 23 ставови 1, 2, 3, 4 и 5 на овој закон;
14) пушти во промет производи, односно дава услуги што не ги исполнуваат условите од членовите 32 и 33 на овој закон;
15) не го замени купениот прехранбен производ со недостаток со производ со соодветен квалитет или на потрошувачот не му го врати платениот износ доколку недостатоците се утврдени во рокот до кога производот може да се употребува (член 44);
16) не го извести писмено потрошувачот за неговото право еднострано да го раскине договорот со изјава во моментот на склучување на договорот (член 107 став 1) и
17) не се произнесе во рок од 30 дена од денот на поднесениот приговор (член
118 став 4).
Глоба во износ од 30% од одмерената глоба на правното лице, односно на трговецот поединец ќе му биде изречена на одговорното лице во правното лице, односно на одговорното лице во трговецот поединец, за дејствијата од ставот 1 на овој член.
Глоба во износ од 120 до 180 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичкото лице за прекршоците од ставот 1 на овој член.
Глоба во износ од 700 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, односно на трговецот поединец, ако:
1) јасно и на видно место во продажниот простор не ги истакне своите продажни услови (член 6 став 1);
2) на јасен, видлив, читлив и недвосмислен начин не ја истакне продажната цена на производите или услугите, односно на продажното место на кое се изложени производите, на производите во рефусна состојба, на услугите кои ги дава и на резервните делови кои ги продава (член 8 став 1);
3) цената на производот, односно услугата не е означена во денари, освен ако со друг закон поинаку не е уредено (член 8 став 1 точка 3);
4) при продажбата на производите во рефусна состојба не ја истакне само цената за единица мерка на продажното место на производот (член 8 став 5);
5) при истакнување на податоци за нето тежина за претходно спакувани производи не истакне цена за нето единица мерка (член 8 став 7);
6) продава производи кои имаат недостаток или грешка, а физички не ги одвоил од другите производи и јасно, видливо и читливо не обележал на производот и на продажното место не истакнал натпис дека се работи за продажба на производи со недостаток или грешка (член 9);
7) производот го продава во несоодветна амбалажа (член 10 став 1);
8) јасно и на видно место не ја истакне цената на посебната хартија за завиткување и дополнителните украси, како и цената на тие производи и услугата за завиткување (член 10 став 3);
9) врши продажба на производите во рефусна состојба кои не се претходно спакувани, не ги мери во присуство на потрошувачот (член 11 став 1);
10) продажбата на производите во рефусна состојба не ги спакува во соодветна амбалажа (член 11 став 2);
11) означувањата што упатуваат на распродажба, односно намалување на цените не се вршат во смисла на одредбите од членот 12 ставови 1 и 2 на овој закон;
12) физички не ги одвои производите за распродажба од производите кои не се на распродажба и јасно и на видно место не истакне натпис дека се работи за распродажба (член 13 став 1);
13) при распродажба на производите со грешка не истакне натпис со кој ќе се запознае потрошувачот во што се состои грешката на производот (член 12 став 2)
и
14) производите кои не се на распродажба поради изменување на рокот на употреба не ги одвои на посебен со јасно и на видно место истакнато известување за причината за намалување на цените и крајниот рок на употреба на производот
(член 14).
Глоба во износ од 30% од одмерената глоба на правното лице, односно на трговецот поединец ќе му биде изречена на одговорното лице во правното лице, односно на одговорното лице во трговецот поединец, за дејствијата од ставот 1 на овој член.
Глоба во износ од 70 до 100 евра во денарска противредност ќе му се изрече на физичкото лице за прекршоците од ставот 1 на овој член.
За прекршоците утврдени во членовите 136, 137 и 138 од овој закон, на правното лице, односно на трговецот поединец, надлежниот инспектор или овластеното лице за вршење на непосреден надзор, пред поднесување на барање за поведување на прекршочна постапка ќе спроведе постапка за порамнување со издавање на прекршочен платен налог.
Кога надлежниот инспектор, или овластеното илице за вршење на непосреден надзор, ќе констатира прекршок од ставот 1 на овој член составува записник во кој се забележуваат битните елементи на прекршокот, времето, местото и начинот на сторување на прекршокот, описот на дејствието на прекршокот и лицата затекнати на самото место. Записникот го потпишува овластеното службено лице и сторителот.
Доколку сторителот го признае прекршокот надлежниот инспектор или овластеното лице ќе му издаде прекршочен платен налог заради наплата на глобата за прекршокот.
По приемот и потпишувањето на прекршочниот платен налог, сторителот на прекршокот е должен да ја плати глобата во рок од осум дена од приемот на прекршочниот платен налог, на сметката означена во платниот налог.
Сторителот на прекршокот кој ќе ја плати глобата во рокот од ставот 3 на овој член, ќе плати половина од изречената глоба, за кое право се поучува во правната поука.
Ако сторителот на прекршокот не ја плати глобата во рокот од став 3 на овој член, за прекршоците од членот 136 од овој закон, надлежниот инспектор, или овластеното илице за вршење на непосреден надзор, поднесува барање за поведување прекршочна постапка пред надлежен суд.
Ако сторителот на прекршокот не ја плати глобата во рокот од став 3 на овој член, за прекршоците од членовите 137 и 138 од овој закон, надлежниот инспектор, или овластеното лице за вршење на непосреден надзор, поднесува барање за поведување прекршочна постапка пред прекршочен орган, согласно членот 135 од овој закон.
Надлежните инспектори, односно овластените лица за вршење непосреден надзор, се должни да водат евиденција за издадените прекршочни платни налози и за исходот на покренатите постапки.
Во евиденцијата од ставот 7 на овој член се собираат, обработуваат и чуваат следните податоци: име и презиме, односно назив на сторителот на прекршокот, живеалиште, односно престојувалиште, седиште, вид на прекршокот, број на прекршочниот платен налог кој му се издава и исходот на постапката.
Личните податоци од ставот 8 на овој член се чуваат пет години од денот на внесување во евиденцијата.
Формата и содржината на прекршочниот платен налог ја пропишува министерот за економија.
За прекршоците утврдени во членот 137 и 138 од овој закон, на физичкото лице, надлежниот инспектор, или овластеното лице за вршење непосреден надзор, ќе спроведе постапка за порамнување со издавање на мандатен платен налог, за плаќање на глобата во определениот износ, во рок од осум дена од денот на врачување на мандатниот платен налог.
Ако физичкот лице доброволно не ја плати глобата во рокот од став 1 на овој член, мандатниот платен налог има сила на извршна исправа и надлежниот инспектор, или овлсатеното лице за вршење непосреден надзор, ќе го достави до органот надлежен за присилно извршување, за негово извршување.
Надлежните инспектори, односно овластените лица за вршење непосреден надзор, се должни да водат евиденција за издадените мандатни платни налози и за исходот на покренатите постапки.
Во евиденцијата од ставот 3 на овој член се собираат, обработуваат и чуваат следните податоци: име и презиме, односно назив на сторителот на прекршокот, живеалиште, односно престојувалиште, седиште, вид на прекршокот, број на мандатниот платен налог кој му се издава и исходот на постапката.
Личните податоци од ставот 4 на овој член се чуваат пет години од денот на внесување во евиденцијата.
Формата и содржината на мандатниот платен налог ја пропишува министерот за економија.
Одмерувањето на висината на глобите на правното лице односно на трговецот поединец се врши согласно Законот за прекршоците.
Членoвите 139, 140 и 141 се избришани, види: Закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите објавен во “Службен весник на РМ“ бр.24/11.
Дел X
ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Прописите предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од три месеца од денот на влегувањето во сила на овој закон.
До донесувањето на прописите од ставот 1 на овој член ќе се применуваат прописите што важеле до денот на влегувањето во сила на овој закон.
Програмата за заштита на потрошувачите ќе се донесе во рок од шест месеца од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Со денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да важи Законот за заштита на потрошувачите ("Службен весник на Република Македонија" број 63/2000 и 4/2002).
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија".
Одредби од Законот за безбедност на производите, со кој е интервенирано во Законот за заштита на потрошувачите („Службен весник на РМ“ бр.33/06)
Со денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да важи членот 134 став 1 точки 5 и 6, членот 136 став 1 точка 9, членот 138 став 1 точка 19 и членот 140 што се однесува на казнената одредба од членот 138 став 1 точка 19 на Зако- нот за заштита на потрошувачите ("Службен весник на Република Македонија" број 38/2004) и Законот за пропишување на техничките барања за производите и оцена на сообразноста ("Службен весник на Република Македонија" број 55/2002).
Постапките кои се отпочнати согласно со Законот за заштита на потрошувачите ("Служен весник на Република Македонија" број 38/2004) до денот на влегување- то во сила на овој закон ќе се завршат согласно со истиот.
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија".
Одредба од Законот за изменување и дополнување
на Законот за заштита на потрошувачите
(„Службен весник на РМ“ бр.77/07)
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.
Одредба од Законот за изменување
на Законот за заштита на потрошувачите
(„Службен весник на РМ“ бр.103/08)
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.
Одредби од Законот за изменување на Законот за заштита на потрошувачите
(„Службен весник на РМ“ бр.24/11)
леновите од 31h3 31-з, 31-ѕ, 31-и, 31-ј, 31-к, 31-л, 31-љ, 31-м, 31-н, 31-њ и
31-е на овој закон влегуваат во сила во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Актот од членот 31-з на овој закон ќе се донесе во рок од една година од денот
на влегувањето во сила на овој закон.
Актите од членот 9 на овој закон ќе се донесат во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Одредбите од членовите 31-м и 31-н на овој закон ќе се применуваат со
започнување на примената на Законот за инспекциски надзор.
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен
весник на Република Македонија”.
Одредба од Законот за изменување
на Законот за заштита на потрошувачите
(„Службен весник на РМ “ бр.164/13)
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”, а ќе започне да се применува од 1 мај 2014 година.
Одредби од Законот за изменување
на Законот за заштита на потрошувачите
(„Службен весник на РМ“ бр.97/15)
ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Прописот утврден со овој закон ќе го донесе во рок од еден месец од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.
Одредби од Законот за изменување
на Законот за заштита на потрошувачите
(„Службен весник на РМ“ бр.152/15)
Подзаконските акти утврдени со овој закон ќе се донесат најдоцна во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.“
Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за заштита на потрошувачите.
Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”.
Назад